fbpx

Вториот ешалон „ќе падне“ по изборот на владата, на маса околу 1.000 раководни позиции

-

Смената во вториот ешалон раководители, по изборот на министрите, би опфатила повеќе од илјада лица во државните институции и во јавните претпријатија.

Според последниот регистер, државниот јавен сектор брои 1.291 институција, кои се финансираат од државниот буџет. Владата е основач на 491 институција, Република Македонија на 71, Собранието на 25, а другите 765 институции се основани од општините и од претседателот на државата, па тие не би биле опфатени во измените.

Од вкупниот број 129 јавни претпријатија, 12 се основани од Владата на Република Македонија, три се основани од Собранието на Република Македонија, а најмногу, односно 114, се основани од Градот Скопје и од општините.

Од партиите на власт негираат дека веќе разговарале за поделбата на функциите во вториот ешалон и за можните решенија.

Како што вели портпаролот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, инаку предложен за нов министер за здравство, ќе се почека да се избере владата, па потоа ќе продолжат преговорите во коалицијата за поделбата на позициите.

– Засега ништо немаме договорено, оставивме првин да се одредат министрите, па потоа ќе одиме на пакетот за втор ешалон. Не сме ги отвориле досега тие теми. Кога ќе се избере владата, ќе седнеме, ќе разговараме, односно ќе продолжат да работат кадровските комисии на сите коалициски партнери – изјави Таравари за „Мета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...