fbpx

Времето денеска сончево и потопло со температура до 28 степени

-

Сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец, ќе биде времето денеска во Македонија, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурата ќе достигне до 18 Целзиусови степени на крајниот запад на земјава, а во подрачјето на Охридско Езеро до 22 степени. До 25 степени ќе изнесува дневниот максимум на темпаературата во Пелагонија, 27 степени во Тиквешијата, а на истокот од земјава до 23 степени. Во Гевгелиско и во Дојранско температурата ќе достигне 28 степени.

Во Скопје ќе има слично време, со највисока дневна температура од 27 степени.

До сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. В сабота кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност.

Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува в недела. Врнежите на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени.

И на почетокот од наредната работна седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи, вели прогнозата на УХМР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...