!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Во Европа, 4.500 луѓе годишно умираат од издувни гасови


       
Брисел, 18 септември, 2017 - 11:21 (META) 

Истражувачите соопштија дека годишно во Европа, прерано умираат повеќе од 4.500 лица, затоа што автомобилите на дизел-горива емитуваат повеќе штетни гасови отколку што производителите тврдат, пишуваат светските медиуми.

Студијата е објавена две години откако „Фолксваген“ призна дека лажел на тестовите за емисија на штетни гасови со вградување нелегален софтвер во милиони свои возила на дизел-мотори.

Се проценува дека ситните честички од автомобилските гасови кои се опасни по човековото здравје предизвикуваат вкупно 425.000 прерани смртни случаи во ЕУ, Норвешка и во Швајцарија.

Научниците пресметале дека прекумерната емисија на дизел-горивата кон тоа придонесува со 4.560 случаи секоја година.

Ризикот е најголем каде што е голема концентрација на автомобили на дизел-горива како на северот на Италија, наведуваат истражувачите на Меѓународниот институт за примена на системски анализи од Австрија и од Норвешка.