fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Со „Мој ѓердан“ и со „Мој стент на црно“ не се подобрува здравството

-

Во време на СДСМ, македонското здравство воопшто не беше ни рангирано на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), реагираат од ВМРО-ДМНЕ на прес-конференцијата на Злате Мехмедовиќ од СДСМ, за состојбата на македонскиот здравствен систем.

„Факт е дека ова е така затоа што ЕХЦИ не рангира корупција, купување ѓердани за колешките како што тоа го правеше Владо Димов од СДСМ, ниту, пак, се рангираат стентовите кои под маса ги продаваа функционери на СДСМ директно уценувајќи ги граѓаните и ставајќи им цена на нивниот живот која ако не ја платат на корумпираните продавачи на живот од СДСМ, не им се пишува добро“, стои во реакцијата и се додава дека со најновото рангирање на овој индекс Македонија е меѓу првите 20 најдобро рангирани здравствени системи во Европа.

Во реакцијата се наведува дека македонското здравство денес, според ЕХЦИ, е највисоко рангирано во делот на достапноста на здравствените услуги и оти е прворангирано по индикаторот „bang for the buck“, (што се добива како здравствена услуга во однос на вложените средства).

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека благодарение на системот „Мој термин“, Македонија е посочена како пример за редуцирање на времето на чекање практично на нула и во тој контекст како позитивен пример е споредена и со земја како Шведска.

„Факт е дека веќе неколку години по ред, системот „Мој термин“ е реформа која се препорачува за имплементација и во другите европски земји. Напредокот на Србија на ова рангирање се должи во голема мера на имплементирањето на систем по примерот на „Мој термин“. Ова се непобитни факти кои се признаени од сите релеватни фактори во Европа, освен од „експертите“ на СДСМ кои очајно се обидуваат да манипулираат со македонската јавност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека СДСМ никако не може да прифати дека со нивните проекти како „Мој ѓердан“ и „Мој стент на црно“ не се подобрува квалитетот на здравството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...