ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ удри на крадење и тоа на најјако


       
Скопје, 30 јули, 2018 - 9:23 (META) 

Имаме најниска стапка на пораст во регионот и во Европа, нема капитални инвестиции, а јавниот и државниот долг ги уриваат психолошките бариери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека процентот на реализација на капиталните инвестиции е катастрофален.

„Неспособната власт успеа да реализира само 16,65 проценти од капиталните инвестиции кои самите си ги планариле. Ниту можат да направат план, уште помалку да го реализираат. Претходните влади за првите шест месеци реализирале и над 40 отсто од предвидените инвестиции“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „со ваква економска политика граѓаните треба да ги заборават на ветувањата кои Заев им ги даваше како 600 километри нови автопати, 30 илјади денари просечна плата, 100 илјади денари плата за лекарите.“