fbpx

Членовите на ДИК денеска ќе стапат на функција

-

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија денеска ќе даваат свечени изјави во Собранието по што ќе ја одржат првата седница.

Членовите на ДИК беа избрани во средата со 100 гласа „за“ откако партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел односно со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори.

Претседател на Комисијата е Оливер Деркоски кој доаѓа на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател е Дитмире Шеху предложена од ДУИ, а членови се Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса.

Деркоски во петокот кажа дека првите активности на Комисијата ќе бидат нејзиното конституирање, а потоа и спроведување на референдумот за името. Тој рече дека без разлика што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, тој и сите останати членови на ДИК се членови на државен орган што има одредени задачи, овластувања и надлежности.

Членовите на ДИК првично требаше свечени изјави да дадат во петокот, но поради активности на претседателот на Собранието тие беа одложени за денеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Општина Гостивар има највисока наплата од данок на имот

Од четири анализирани општини во земјава, општина Кичево е со највисока наплата од данок на доход, 33 отсто во однос на планот. Највисока наплата на данок на имот, од...