fbpx

ВМРО-ДПМНЕ на протести во Охрид против СЈО

-

По вонредната седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од утринава, за денеска се закажани протести на членството и на симпатизери на партијата, против, како што велат, притисоците на СЈО.

Протестната поворка треба да мине по централните градски улици и да заврши пред зградата на СВР од Охрид, каде СЈО, наводно, ги извршува разговорите со функционерите и со членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО деновиве испратило покани до 200 лица за информативен разговор во врска со финансирањето на партијата и со личните донации за време на изборите во 2014 година.

Функционерите и членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и актуелни и поранешни директори на државни институции и служби, здравствени организации, јавни претпријатија и истакнати членови на партијата, биле повикани пред тим од истражители на СЈО, дојдени во Охрид.

Покана за распит добил и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов, кој сега е и пратеник во Собранието.

Охридската полиција утрово презеде одредени безбедносни мерки во пресрет на најавениот протест, а улицата каде се наоѓа зградата на Секторот е блокирана за возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...