fbpx

Владиниот тим на средби со менаџментите на компаниите од „ОПГ груп“

-

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во рамките на својата посета на Република Индија, во градовите Калкута и Ченаи, оствари повеќе поединечни средби со претставници на компании, на кои им ги претстави можностите за инвестирање што се нудат во Република Македонија. Тој се сретна со менаџментот на компанијата „ОПГ груп “, која се занимава со изградба на термоцентрали и со производство на електрична енергија, произведува околу 800 мегавати годишно и има свои објекти низ цела Индија.

Компанијата котира на Лондонската берза и има проценета вредност од една милијарда евра.

Премиерот Груевски ги објасни условите за водење бизнис во Република Македонија и добрата бизнис-клима што треба да ја искористат инвеститорите. Тој истакна дека државата го поседува најповолниот даночен пакет, пристап до 650 милионскиот пазар на Европа и слободни економски зони кои се развиваат.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...