fbpx

Трет круг гласање за генерален секретар на ОН

-

На седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, денеска ќе се одржи третиот круг од гласањето за нов генерален секретар на светската организација.

По гласањето би требало да биде познато кој е фаворит за функцијата, кој, конечно, ќе ја напушти трката, но и како ќе се пласира македонскиот кандидат Срѓан Керим.

Се очекува четворица да влезат во завршниот процес. Тие во септември ќе бидат предмет на одлучување во Советот за безбедност и тоа на петте постојани членки: Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД.

Во трката, покрај Керим, се и Антонио Гутереш од Португалија, Вук Јеремиќ од Србија, Сузан Малкора од Аргентина, Хелен Кларк од Нов Зеланд и Данило Тирк од Словенија. Во Советот за безбедност ќе може да се гласа и за Ирина Бокова од Бугарија, Кристина Фигуереш од Коста Рика, Наталија Герман од Молдавија и Мирослав Лајчак од Словачка.

Изборот за прв човек на „светската влада“ воопшто нема да биде лесен, имајќи предвид дека се преплетуваат политичките интереси на големите сили.

Кога ќе се заврши со гласање, почнува нова фаза во која методологијата на одлучување се менува и почнуваат директните преговори, пазарења и договори меѓу светските сили, поради што кандидатите и нивната кампања паѓаат во втор план.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...