fbpx

Трајанов назначен за национален координатор за намалување на ризици од несреќи

-

Владата денеска го именуваше лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за национален координатор за намалување на ризици од катастрофи.

„На денешната седница за национален координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, владата го именува Павле Трајанов“, соопштија од Владата.

Демократскиот сојуз на последните локални избори, одражни на 15 октомври годинава, настапи во коалиција со владејачката СДСМ.

На парламентарните избори од 11 декември 2016 година, Демократскиот сојуз беше дел од Коалиција за промени и правда, составена од партиите ФРОДЕМ, МОРО-РП и ДЕМОС. Коалицијата тогаш освои 10.028 гласови и не успеа да добие пратеничко место.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...