fbpx

Тетовци протестираа пред седиштето на ЕВН во Тетово

-

Околу илјада граѓани протестираа попладнево пред седиштето на ЕВН во Тетово, незадоволни, како што велат, од цената што ЕВН им ја наплатува за потрошена електрична енергија. Тие упатија повеќе барања до компанијата ЕВН, меѓу кои и да се либерализира пазарот на дистрибуција на струја.

– Бараме ЕВН да ја намали цената на киловат-час електрична енергија, затоа што цената на отворена берза е многупати помала од таа што се фактурира на граѓаните на Македонија, да се отстрани индустриската тарифа, итно да се либерализира за сите потрошувачи пазарот на дистрибуција. Да ѝ се забрани на ЕВН основните средства за дистрибуција што ги плаќа потрошувачот да ги присвои како свои инвестиции. Да не наплатува такса за приклучок на потрошувачот од 500 евра, затоа што тоа е нешто кое е забрането со закон – рече Џемал Хасипи од организациониот одбор за протести против ЕВН.

Учесниците на протестот побараа од компанијата да ги пронајде крадците на струја, за да не се казнуваат сите потрошувачи и да се забрани поставување на броила на јавни површини.

Од организациониот одбор за протести против ЕВН, рекоа дека протестите ќе продолжат и понатаму, во зависност од тоа дали ЕВН ќе ги прифати нивните барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...