fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев: СДСМ ќе обезбеди почитување на новинарската професија

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми. Контролирани и зависни медиуми за контролирани граѓани, тоа е целта на Никола Груевски. Затоа лагите на провладините медиуми се платени со милиони евра, пари на граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција во Струмица, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. - Стравот кај Никола Груевски и кај ВМРО-ДПМНЕ е стравот од вистината за катастрофалната реалност, што ќе...

Заев: Има докази дека „врхушката на власт“ ги организирала кумановските настани

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва пред жителите на скопската населба Капиштец, меѓу другото, рече дека има сериозни докази дека кумановските настани од 9 и од 10 мај минатата година ги организирала „врхушката на власт“. „Кумановските настани имаат оставено сериозни докази дека врхушката на власт ги организирала. И, на крајот, ја гледате ли бесрамноста? Еден ден по кумановските настани, каде што...

Заев ќе става бројчаник за враќање на украдените пари како на Тајмс сквер

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вчера, одговарајќи на прашање во емисијата „Нова дебата“ на „Нова ТВ“ за тоа дали постои план за лоцирање и за враќање на сите народни пари, рече дека кога ќе дојде на власт СДСМ, ќе изгради споменик на кој ќе се покажува колку народни пари се вратени во буџетот. „Јас, колку што знам, станува збор за...

Заев: На Триумфална капија ќе поставиме бројчаник кој ќе покажува колку украдени пари се вратени

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во емисијата „Нова дебата“ на „Нова ТВ“ најави дека кога СДСМ ќе дојде на власт, ќе постави бројчаник на Триумфалната капија и секогаш кога Агенцијата за запленет имот ќе продаде некој имот, бројчаникот ќе покажува колку украдени пари се вратени. Според него, не постои шанса по изборите да се направи широка коалиција. -...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го посети градот што најмногу настрада во криминалната приватизација

„Зоран Заев и СДСМ го посетија градот што најмногу настрада во време на нивната криминална приватизација. Токму во Штип беа наjсилно почувствувани последиците од транзицијата, во која се затворија 684 фабрики, а повеќе од 200.000 луѓе беа оставени без работа“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Добро е што Зоран Заев бил во Штип за да види како овој град напредува, наспроти неговата општина која...

Заев: Медиумите треба да бидат решени до 19 февруари

На вчерашната средба со граѓаните на неколку населби во Штип, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека забрзано се работи на решавање на второто крупно нерешено прашање во работната група, за дорегулација на медиумите. - Амбасадорите најавија дека до деветнаесетти (прашањето за) медиумите мора да биде затворено ако сакаме да имаме навремена дорегулација на медиумите, за да се даде навремено, фер шанса...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат намера да избегаат од фер и демократски избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со лидерите на Националната демократска преродба (НДК), Весел Мемеди и претседателот на Движењето за реформи - ДПА, Зијадин Села, рече дека имаат заеднички став дека на 24 април нема да има избори. Заев рече дека без прочистен избирачки список и регулирани медиуми, избори не можат да се одржат. - Се надеваме дека овие услови...

Рот се сретна со Попоски, Груевски и со Заев

Државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот, денеска се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Министерот Попоски на средбите истакнал дека внатрешните политички предизвици се надминуваат низ инклузивен процес, кој треба да се заокружи час поскоро и без одложување на претстојните парламентарни избори во април. Попоски...

Заев: Македонија на следните избори мора да добие Влада со полн легитимитет

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на државниот министер во германското МНР, Михаел Рот, му го соопштил ставот на партијата дека се неопходни фер и регуларни избори, за што се потребни прочистен избирачки список и регулација на медиумите. - Државната изборна комисија, како независна институција чијашто обврска е избирачкиот список, треба да ги соопшти роковите за прочистување на списокот, во кој...

Денеска им е годишнина: Груевски ги врати во игра „странските служби и држави“

Денеска е точно една година откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и доскорешен премиер, Никола Груевски, во обраќање кон нацијата (на 31 јануари 2015 година) обзнани дека странска разузнавачка служба е вмешана во обидот за преврат во земјава. Сега, повторно тој, во говорот пред унијата на жени на партијата, по неколкумесечно затишје, ги извади од фиока и ги врати на сцена...

Заев: Избори на 24 април нема да има зашто дотогаш не може да се подготват

Ниту Заев, Груевски, Тачи или Ахмети, па ниту Хан не можат да кажат до кога може да се прочисти избирачкиот список. Такво нешто може да каже само Државната изборна комисија - рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција. Заев тврди дека на 24 април нема да се одржат избори затоа што не може да се стигне законскиот рок...

Прес-конференција на Заев во 14 часот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 14 часот ќе одржи прес-конференција. Прес-конференцијата ќе се одржи во седиштето на СДСМ. Од партијата не најавуваат за што точно ќе зборува лидерот на опозицијата.

Заев се сретнал со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија, Александар Томов. Двајцата колеги зборувале за актуелната состојба во Македонија, како и за продлабочувањето на соработката помеѓу Бугарија и Македонија на политички и на економски план. „Покрај сите предизвици со кои се соочуваме, ние сме целосно подготвени за на слободни, фер и демократски избори да ја промениме...

Заев се сретна со претседателот на Партија на Македонците во Србија, Илијевски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска оствари работна средба со претседателот на новоформираната Партија на Македонците во Србија, Горан Илијевски. Централна тема на средбата била актуелната ситуација на малцинските партии во Србија, нивното учество на следните избори во Србија, како и положбата на Македонците во соседните држави. Претседателот на СДСМ изразил очекување дека Македонците во Србија ќе придонесат за напредок на државата во која...

Заев: ДИК ќе го каже датумот за избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Кина во Македонија, Зеншун Вен. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за продлабочување на односите на Македонија со Кина. - Сите политички субјекти во Македонија и претставниците на меѓународната заедница се свесни дека се пробиени законските рокови за клучни обврски од Договорот во Пржино, прочистувањето...

Одложено рочиштето против Заев за случајот „Поткуп“

Судењето против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, кое денеска требаше да почне во Основниот суд Скопје 1, е одложено. Рочиштето, како што пренесува „Телма“, е одложено бидејќи во судницата Заев не се појави - бил на службено потување. Заев, како градоначалник на Струмица, е обвинет дека побарал поткуп од 163.924 евра од струмички бизнисмен за легализација на...

Денеска почнува судскиот процес за случајот „Поткуп“ против Заев

Во Основниот суд Скопје 1, денеска  треба да почне судскиот процес во ккој обвинет е градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“. Заев, како градоначалник на Струмица е обвинет дека примил поткуп од 200.000 евра за да изврши легализација на државно земјиште. Обвинението против Заев, Основното јавно oбвинителство Скопје го поднесе во јуни минатата година.

Заев: Не излегуваме од владата, на Договорот од Пржино му даваме шанса до 24 февруари

Опозицискиот СДСМ одржа централен одбор на кој едногласно била донесена одлука партијата да не учествува на изборите предвидени на 24 април, но да му се даде уште една шанса на Договорот од Пржино со тоа што техничките министри од СДСМ ќе останат во владата до денот кога Собранието ќе се распушти. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, по завршувањето на централниот...

Заев повика на чесност, солидарност, толерантност и на почитување

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите граѓани кои го чествуваат празникот. „Вам, на претставниците на МПЦ, на граѓаните кои денеска празнуваат, од срце го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици во мое име и во име на...

Заев: Без прочистен избирачки список и без закон за медиуми нема регуларни избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Струмица повторно изјави дека без прочистен избирачки список и без закон за медиуми е невозможно да се има регуларни избори. - Без регулација на медиумите и професионални стандарди во медиумскиот простор, не може да има фер и демократски избори. Без прочистен избирачки список, не може да има регуларни избори во Република Македонија. Сите...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...