fbpx

Заев се сретна со претседателот на Партија на Македонците во Србија, Илијевски

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска оствари работна средба со претседателот на новоформираната Партија на Македонците во Србија, Горан Илијевски.

Централна тема на средбата била актуелната ситуација на малцинските партии во Србија, нивното учество на следните избори во Србија, како и положбата на Македонците во соседните држави.

Претседателот на СДСМ изразил очекување дека Македонците во Србија ќе придонесат за напредок на државата во која живеат, но и за зајакнување на врските со Македонија.

– Очекувам да се зајакнат врските со Македонија и заемно да се градат односите помеѓу двете земји. Ви посакувам да имате успех во вашата убава мисија за сите нас. Сметајте на нас, ја имате нашата поддршка – рече претседателот Заев.

Претседателот на новоформираната Партија на Македонците, Илијевски, рече дека само со унапредување на добрососедските односи може да се зајакне улогата на Македонците што живеат во соседните држави.

– Мораме да ги подобруваме и да ги негуваме односите со нашите соседи. Само со унапредување на меѓусоседските односи можеме да ги зајакнеме позициите на Македонците во земјите во кои живеат – рече Илиевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...