fbpx
Таг: ЗлатнаЗора

таг: ЗлатнаЗора

Жолчна кавга во грчкиот парламент околу спорот за името

Жестока расправија за иницијативите на грчкото министерство за надворешни работи околу решавањето на спорот за името ја прекина дискусијата на грчкиот парламент за гласање на мерките и на обврските договорени со европските партнери. Лидерот на неонацистичката партија Златна зора, Никос Михалолиакос, среде парламентарната дискусија обелодени документ, допис од министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, со кој се бара од партијата да...

Избегната физичка пресметка во грчкиот парламент

Неонацистичката Златна зора предизвика инцидент во грчкиот парламент, почнувајќи груба расправија и серија вербални напади кон Комунистичката партија. Атмосферата во парламентот ескалираше кога пратеникот на ултрадесничарската партија, Јанис Лагос, еден од обвинетите во судскиот процес против Златна зора, ја обвини Комунистичката партија дека ја продала нејзината телевизија „902“ на офшор-компанија. Обвинението предизвика хаос во собраниската сала, реакции и вербална пресметка...

Златна зора презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас

Лидерот на неонацистичката Златна зора, Никос Михалолиакос, презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас од страна на симпатизер на партијата. Сепак, според него, партијата нема кривична одговорност за делото. - Преземаме политичката одговорност за убиството во Керацини (населбата каде беше убиен Фисас н.з.), но не постои кривична одговорност. Зарем е можно една цела партија да е обвинета бидејќи еден...

Златна зора: Грција треба да ја следи патриотската политика на Скопје кон мигрантите

Иако националистичката грчка партија Златна зора воопшто и не ја признава Македонија и се обраќа кон неа со погрдни зборови, на прес-конференцијата во Солун, пратеникот на оваа партија од Сер, Аретемис Матеопулос, ја искористи Македонија како пример за тоа како Грција треба да се однесува кон бранот бегалци кои влегуваат на нејзината територија. Според него, одлуката на нашата држава да...

Инцидент на судењето на Златна зора

Инцидент се случи на денешното судење на членовите на Златна зора во затворот „Коридалос“ во Атина. На судењето упаднаа членови на терористичката организација Огнени јадра, чие судење беше паралелно закажано во соседната судница во затворот и почнаа вербално да ги напаѓаат членовите на Златна зора. Покрај вербалните навреди и довикувањата дека фашистите ќе ги стигне бесилка, во истиот момент припадниците на...

Судењето на Златна зора повторно одложено

Судењето на Златна зора како криминална организација никако да почне. Процесот вторпат е одложен, овојпат за 12 мај. Судењето почна на 20 април, меѓутоа поради фактот што еден од обвинетите немаше адвокат, беше презакажано за денеска, за новиот адвокат да има време да се подготви за процесот. Денеска судењето повторно помина без никаква суштина, со два прекина поради барање на друг обвинет...

Судењето на Златна зора одложено за 7 мај

Обвинетите пратеници и членови на Златна зора ќе седнат во судските клупи повторно на 7 мај. Судењето на Златна зора, кое почна рано утринава во затворот „Коридалос“, се одложи за 7 мај поради немање адвокат за еден од обвинетите членови на Златна зора. На судењето, кое се одвива во тесната судницата на затворот „Коридалос“, не се појави ниту еден...

Одложен судскиот процес против Златна зора

Поради отсуство на адвокат на еден од обвинетите, судењето на Златна зора беше прекинато и одложено за 7 мај. Судењето против неонацистичката Златна зора почна рано изутринава во судница во затворот Коридалос во Атина. На судењето не се појави ниту еден член од обвинетото раководство на партијата. Лидерот Никос Михалолијакос, неговата сопруга Елени Заруља, заменик-претседателот на партијата Христос Папас,...

Утре почнува судењето на Златна зора

Утре во Атина, во судницата на затворот Коридалос, почнува историското судење на неонацистичката партија Златна зора. На обвинителната клупа ќе седне целото раководство на партијата, кое во септември 2013 година се најде зад решетки под обвинение за убиството на музичарот Паврлос Фисас и за огромен број други криминални дејства. Грчкиот суд ќе биде ставен на тест да пресуди од повеќе...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...