fbpx
Таг: визи

таг: визи

Советот на ЕУ со „зелено светло“ за безвизен режим за Косово

Советот на ЕУ денеска даде поддршка за овозможување безвизен режим за државјаните на Косово, односно нивно патување без визи во ЕУ. Сега на потег е Европскиот парламент. Доколку биде донесена одлуката, Косовците ќе патуваат во ЕУ без визи или од мигот на стапувањето на сила на новиот режим European Travel Information and Authorisation System (ETIAS) или од 1 јануари...

Кина го блокира доаѓањето на тим на СЗО во Вухан за да се истражи потеклото на корона вирусот

Кинеските власти го блокираа доаѓањето на тим на Светската здравствена организација (СЗО), која што требаше да го истражува потеклото на корона вирусот и да се откријат повеќе детали околу почетоците на глобалната пандемија против ковид-19 во кинескиот град Вухан, пренесува „Гардијан“. Визите на претставниците на тимот на СЗО што треба да работи во кинескиот град Вухан не се одобрени од...

Македонија и Украина ќе ги укинат визите за краткорочен престој

Меморандум за заемна соработка меѓу дипломатските академии во министерствата за надворешни работи на Македонија и на Украина и заедничка декларација, денеска потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Павло Климкин кој е во дводневна официјална посета на Македонија. Димитров по средбата информираше дека со неговиот колега се договориле и за возвратна посета во Киев на која...

Амбасадата на САД ќе издава визи и покрај финансиската блокада на американската влада

Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека нејзиниот сервис за пасоши и визи, како и за итни случаи за американските граѓани, ќе продолжи да работи и покрај затворањето на американската влада. „Закажаните сервиси за пасоши и визи и сервисите за итни случаи за граѓаните на САД ќе продолжат во амбасадата за време на затворањето на владата на САД. Нема да...

САД го обновија издавањето визи за државјаните на Турција

Амбасадата на САД во Анкара денеска соопшти дека нејзините конзулати во Турција го обновиле издавањето на визи на турски државјани, со што е ставен крај на повеќемесечната дипломатска криза меѓу двете земји, јавуваат светските агенции. Одлуката за обновување на нормалниот режим за издавање на визи следи откако САД добија „уверување на високо ниво“ од Анкара дека вработените во американските...

САД и Турција го обновија издавањето визи

Американската амбасада во Анкара соопшти дека нејзините конзулати во Турција го обновиле издавањето визи на турски државјани на „ограничена основа“. Со тоа е завршен прекинот на издавање визи од речиси еден месец поради дипломатската криза помеѓу двете земји. Набргу потоа и турската амбасада во Вашингтон преку „Твитер“ објави дека го обновува издавањето на визите на државјаните на САД на „ограничена основа“. Американската...

Ердоган нема да го прими американскиот амбасадор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да го прими американскиот амбасадор во заминување во Анкара на проштална средба и ги обвини САД дека направиле проблем поврзан со обостраното суспендирање на издавањето визи. - Турција има долга традиција и сигурно нема да дозволиме нешто такво да се случи. Амбасадорот ја завршува својата мисија и сигурно ниту јас, ниту министерството...

Турција повика американски дипломат на итен разговор

Турското министерство за надворешни работи го повика на разговор потсекретарот на амбасадата на САД и побара ставање крај на спорот меѓу двете земји. Амбасадата на Турција во Вашингтон соопшти дека ќе престанат да издаваат неимигрантски визи на Американци, откако мисијата на САД во Турција престана да издава неимигрантски визи во своите американски дипломатски претставништва во Турција. Мисијата на САД одлуката ја...

САД го суспендира издавањето визи во Русија

САД од 23 август ќе го суспендираат издавањето неемигрантски визи во своите конзулати во Русија, соопшти денеска американската амбасада во Москва, додавајќи дека рестрикциите за издавање неемигрантски американски визи се последица на повлекувањето на американските дипломати. Процедурата за издавање визи ќе продолжи од почетокот на септември, но само во Москва, јавува денеска агенцијата „Тасс“. „Почнувајќи од 1 септември, сите разговори за...

Иран со контрамерки, нема да издава визи на Американци

Официјален Техеран нема да издава визи на државјани на САД сè додека Вашингтон одбива да издава визи на Иранци, соопшти денеска ирачкиот заменик-министер за надворешни работи, Маџид Тахт-Раванчи, и додаде дека новиот указ на претседателот Доналд Трамп е ништожен од судска гледна точка. Шефот на иранската дипломатија истакна дека забраната за визи за Американци ќе трае сè додека трае забраната...

Американска амбасада во Софија: Бугарија сè уште не е подготвена за безвизен режим со САД

Бугарија сè уште не ги исполнува условите за безвизен режим со Соединетите Американски Држави. Бројот на одбиени барања за визи минатата година бил 15 отсто од вкупниот број на барања, а условот за добивање безвизен режим е одбиените барања да бидат под три отсто. Ова денеска го објасни генералната конзулка на САД во Бугарија, Кејт Мекгур, но увери дека...

Русија се обидува да нè држи за врат, тврди Лукашенко

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска остро ја критикуваше Русија на прес-конференција во Минск, обвинувајќи го Кремљ за кршење на спогодбата меѓу блиско поврзаните соседи и со користење на фактот дека ги снабдува со енергија „за да ги држи за врат“. Говорејќи пред околу педесетина белоруски и странски новинари во Минск, Лукашенко рече дека Русија ги „прецртала“ пограничните спогодби со Белорусија...

Амбасадата на САД во Тирана им укина визи на судии и на обвинители поради корупција

Амбасадата на САД во Тирана издаде соопштение во кое се вели дека ќе бидат повлечени неимигрантските визи за неколку албански судии и обвинители. Во соопштението се вели дека тие ја донеле оваа одлука откако утврдиле дека службениците не се квалификувани за визи. „Амбасадата на САД ја презеде оваа акција пред претстојниот процес на проверка низ кој ќе се оцени дали одредени...

Олбрајт: Од солидарност ќе се декларирам муслиманка

Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, на „Твитер“ напиша дека е подготвена да се декларира како муслиманка, изразувајќи солидарност кон припадниците на оваа религија во САД. Олбрајт пораснала како христијанка, а подоцна дошла до сознание дека потекнува од еврејско семејство. „Пораснав како католик, станав следбеничка на Епископалната црква, а подоцна дознав дека татко ми е Евреин. Од солидарност сум подготвена да...

ЕК: Турција не прави доволно за да добие визна либерализација

Европската комисија (ЕК) денеска соопшти дека Турција не напредувала многу во исполнувањето на условите за укинување на визите за нејзините граѓаните кои патуваат во Европската Унија, јавуваат светските агенции. Укинувањето на визите за патување во ЕУ, од друга страна, беше еден од клучните услови што ги постави Турција во постигнувањето на договорот со Унијата за намалување на приливот на...

Плевнелиев и Борисов побараа од Трамп да ги укине визите за Бугарите

Во своите честитки до новоизбраниот претседател на САД, и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и премиерот Бојко Борисов побараа од Доналд Трамп за време на својот мандат да ги укине визите за граѓаните на Бугарија. Премиерот Борисов официјално му ја честиташе победата на Трамп и му посака нему и на американскиот народ здравје и благосостојба, соопштија од прес-службата на кабинетот на...

Бугарија бара укинување на визите од Канада за да го поддржи трговскиот договор со ЕУ

Бугарија нема да го поддржи трговскиот договор меѓу Европската Унија и Канада (ЦЕТА) без да има гаранции од канадската влада дека ќе ги укине визите за бугарските државјани. Одлуката била донесена на седница на бугарската влада. Со тоа бугарската влада ќе ги брани своите интереси на Самитот во Брисел, кој се одржува денеска и утре. Ова барање на бугарската влада е и...

Европратениците бараат воведување визи за државјаните на САД и на Канада

Членови на Одборот за граѓански слободи на Европскиот парламент ја повикаа Европската комисија да ги почитува правилата и да донесува привремени мерки за суспензија на безвизниот режим за граѓани во САД и во Канада, кои не го почитуваат начелото на визен реципроцитет. Одредени светски агенции пренесуваат дека некои од европратениците изјавиле дека Европарламентот би можел да ја тужи комисијата поради...

Не запираат бегалските бранови од Турција кон Грција

Продолжува да се зголемува загриженоста во Грција за континуираните нови бранови бегалци што пристигнуваат на грчките острови. Во државата има речиси 60.000 бегалци распоредени низ бегалски центри, приватни станови и во изнајмени хотелски соби. На грчките острови од Турција секојдневно пристигнуваат нови бегалци, во просек од 50 до 100 бегалци дневно, иако не се ретки и деновите кога има едвај десетина бегалци....

Украина размислува да воведе визи за Русите

Официјален Киев е подготвен да го разгледа прашањето за воведување визен режим со Русија, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин. Шефот на украинската дипломатија смета дека е потребно подобро да се контролира влегувањето на лица од територијата на Русија за „поефикасно да се филтрираат агентите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и другите руски специјални служби кои...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...