fbpx
Таг: реклами

таг: реклами

Инстаграм и Фејсбук ќе ги означуваат политичките „дипфејк“ содржини

Технолошката компанија „Мета“ ќе бара од политичките огласувачи да означат кога користеле вештачка интелигенција (ВИ) или дигитална манипулација во рекламите на Фејсбук и Инстаграм. Почнувајќи од јануари, рекламите поврзани со политика, избори или социјални прашања ќе мора да пријават каква било дигитално изменета слика или видео, пренесува Би-би-си. „Мета“ и досега имаше воспоставено политики за користење на „дипфејк“ (deepfake) содржини, но...

Јутјуб ќе ги оневозможува „ад-блокерите“, законите за приватност на ЕУ може да го спречат

Додека Јутјуб ги заострува ограничувањата на блокаторите на реклами, поборниците за заштита на приватноста во ЕУ тврдат дека европските закони може да ги сопрат овие обиди на платформата. Јутјуб во јуни започна да го тестира блокирањето на таканаречените „ад-блокери“, за подоцна да ги зголеми ваквите напори. Тоа значи дека повеќе корисници со овозможени блокатори на реклами во своите прелистувачи не...

Холандски град се подготвува да забрани реклами за месо од 2024 година

Градот Харлем во северозападна Холандија се подготвува да стави забрана на најголемиот дел од рекламите за месо од јавниот простор поради влијанието на оваа храна врз климата, пренесе Би-би-си. Градските власти ќе започнат со оваа мерка од 2024 година, а се верува дека Харлем ќе биде првиот град во светот кој ќе воведе ваква забрана. Предлогот беше инициран од еколошката политичка...

„Нетфликс“ укина 300 нови работни позиции, можно е да воведе реклами

Најпопуларната стриминг платформа „Нетфликс“ објави дека ќе укине уште 300 нови работни позиции борејќи се со зголемената конкуренција, јавува „Би-би-си“. Стриминг гигантот ќе скрати приближно 4 отсто од својата работна сила, а најголемиот дел од вработените се од САД. Овие мерки доаѓаат по претходните во мај, кога платформата одлучи да отпушти 150 вработени. Компанијата сега истражува нови сервис-услуги поддржани од реклами...

Твитер казнет со 150 милиони долари поради продажба на податоци од своите корисници

Твитер во САД мора да плати казна од 150 милони американски долари откако органите обвинија дека незаконски ги користел податоците на корисниците за да помогне во продажбата на рекламите, јавува „Би-би-си“. Судските документи покажуваат дека Федералната трговска комисија и Министерството за правда на САД го обвинуваат Твитер дека го прекршил договорот што го имал со регулаторите. Според нив, прекршено е...

Гугл и Јутјуб повеќе нема да дозволуваат рекламирање на содржини што ги негираат климатските промени

Гугл објави дека повеќе нема да се исплаќаат пари на креаторите на содржини што го промовираат негирањето на климатските промени и нема да поставуваат реклами на вакви содржини или реклами што го прават тоа. Промената ќе ги опфати издавачите, рекламерите и креаторите на содржини на Јутјуб и тие повеќе нема да може да печалат пари од содржини што „се спротивставуваат...

ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање да е транспарентна и неселективна

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага за платеното политичко рекламирање од последните избори во дел од онлајн медиумите кои беа пријавени во Државната изборна комисија на последните избори. Според ОЈО и објавите на медиумите за овој случај, се проверува документацијата во три фирми дали е надминат...

Истрагата на ОЈО и МВР за политичките реклами на дел од порталите предизвика реакции од партиите

Политичките партии од власта и опозицијата и дел од интернет порталите кои се вклучени во истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи излегоа со реакции во јавноста. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека сето рекламирање на нивната партија било транспарентно и законски. Тие сметаат дека власта организирала напад врз медиуми преку...

ОЈО и МВР ќе проверуваат три фирми за сомнеж дека пред избори отвориле портали за политичко рекламирање

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведoa координирана акција, при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сомнение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, информираат од таму. Надлежен обвинител од ОЈО за гонење...

МРТ догодина очекува да добие 1 отсто од државниот буџет, но за ова нема одговор од државните институции

Македонската радио-телевизија (МРТ) очекува догодина да добие финансиски средства во износ од еден отсто од реализираните вкупни приходи на државниот буџет за годинава. Јавниот радиодифузен сервис ја објави Предлог-годишната програма за работа за 2021 година, во која се наведува дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги догодина треба да добијат значителни повисоки средства од државниот буџет во...

ДЗР ги објави извештаите: Како се трошеа парите за реклами за изборната кампања 2020?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите од медиумите и другите прaвни субјекти за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа. Извештаи доставиле 19 правни субјекти, меѓутоа два од нив („Јени Балкан“ и „РФМ Радио“) само известуваат дека не емитувале...

Со две евра пропаганда во медиумите ќе се „купува“ гласот на граѓаните

Вкупно 345 медиуми - телевизии, радија, печaтeни и онлaјн медиуми - ќе учествуваат во трката за поделба на 3,6 милиони евра јавни пари предвидени за платено политичко рекламирање на партиите од власта и опозицијата. На престојните парламенатни избори планирани за 12 април годинава, власта и опозицијата, во лов на гласови преку огласување во медиуми, на пола ќе поделат над...

ДИК не треба да ги одредува цените, но ни државата да ги плаќа партиските реклами

Цената на рекламен простор не треба да се ограничува, но финансирањето политичко рекламирање со јавни пари е целосно неприфатливо, вели Дејан Георгиевски, претседател на Центарот за развој на медиуми. Минатите два дена национални телевизии реагираа на Одлуката на Државната изборна комисија за  цените на рекламите за платено политичко информирање за предвремените парламентарни избори. - Сметам дека финансирањето на купувањето рекламно време...

ЗНМ реагира на рекламирањето на Владата во приватните медиуми со партиски пари

Здружението на новинарите на Македонија реагира на рекламирањето во приватните медиуми за работата на Владата во последните две години нарачани и платени со пари на политички партии. „Во последните неколку дена во медиумите се забележуваат видео-спотови со кои се врши промоција на проекти кои се реализирани од страна на Владата, a рекламите се плаќаат од партиската сметка на СДСМ. Според...

ААВМУ: Радиодифузерите да ја прилагодат програмата за деновите на жалост

Поради деновите на жалост, денеска и утре, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), упати препораки за радиодифузерите за соодветно емитување програма. „Емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од седмицата. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува...

АВМУ: Јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите

Агенцијата за аудио и аудоиовизуелни медиумски услуги на Македонија (АВМУ) порача до медиумите јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини. „Во последните неколку дена, на повеќе телевизии и радија се емитуваат реклами од кампањата „Замисли иднина заедно“ на Делегацијата на ЕУ во пресрет на референдумот. Рекламните спотови не се јасно одвоени од другите содржини на медиумите, не...

Закерберг се извини во Европскиот парламент за злоупотребата на податоците од „Фејсбук“

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг се извини пред пратениците во Европскиот парламент, порачувајќи дека компанијата не направила доволно за да ги спречи злоупотребите од оваа социјална мрежа и дека регулацијата е важна и неминовна. „Не ја разгледавме во потполност нашата одговорност. Тоа беше грешка и жалам поради тоа“, изјави Закерберг. Тој одбил да одговори на прашањето дали имало размена на податоци...

Владата отвора канал за онлајн-комуникација со граѓаните, нема да дава пари за реклами

Владата ќе комуницира со граѓаните преку социјалните мрежи и преку јавниот радиодифузен сервис МРТ, а нема намера за тоа да троши буџетски пари, одговори владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прашањето од „Мета“ дали Владата ќе плаќа реклами кога ќе комуницира со јавноста преку јавниот радиодифузен сервис МРТВ и дали планира да плаќа за продукција на рекламни спотови или објави...

ВМРО-ДПМНЕ: Кампањите имаа едукативна функција и донесоа видливи резултати

Сè е по закон и нема ништо незаконски, сите средства до последниот денар се распределени по прецизна методологија и доделени низ транспарентен процес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на која тој кажа дека кабинетот на поранешниот премиер, Никола Груевски, потрошил 38 милиони евра на рекламни кампањи и на пропаганда. Од партијата велат дека владејачкиот...

Кабинетот на Груевски потрошил 38 милиони евра за рекламни кампањи и за пропаганда

Кабинетот на поранешниот премиер, Никола Груевски, за периодот од 2008 до 2015 година потрошил 38 милиони евра од буџетот, за рекламни кампањи кои биле емитувани на телевизиите и во електронските медиуми, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Тој додаде дека во оваа сума не се пресметани трошоците за кампањи во 2006, 2007 и дел од 2016 година,...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...