„Нетфликс“ укина 300 нови работни позиции, можно е да воведе реклами

фото: @dclmister на Unsplash

Најпопуларната стриминг платформа „Нетфликс“ објави дека ќе укине уште 300 нови работни позиции борејќи се со зголемената конкуренција, јавува „Би-би-си“.

Стриминг гигантот ќе скрати приближно 4 отсто од својата работна сила, а најголемиот дел од вработените се од САД. Овие мерки доаѓаат по претходните во мај, кога платформата одлучи да отпушти 150 вработени.

Компанијата сега истражува нови сервис-услуги поддржани од реклами и сè уште се обидува да најде начин да се спречи споделувањето лозинки.

„Иако продолжуваме значително да инвестираме во бизнисот, ги направивме овие прилагодувања за нашите трошоци да растат согласно забавениот раст на приходите“, велат од „Нетфликс“ и додаваат дека продолжуваат со вработување во други области.

Нетфликс има 220 милиони претплатеници и останува на позицијата лидер на стриминг маркетот, но во последните години се соочи со конкуренција откако беа лансирани ривалските „Дизни плус“ и „Прајм видео“ на Амазон.

Во однос на можноста за реклами, од платформата велат дека тоа нема да функционира на начинот со кој публиката е веќе запознаена.

„Рекламите ќе ги додадеме само за корисници што ќе изберат да гледаат реклама за пониска претплата на платфромата“, посочуваат оттаму.

„Нетфликс“ го намалува бројот на вработени, укина 150 работни позиции