fbpx
Таг: регион

таг: регион

Скот: САД се против промените на границите на Балканот

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, изјавил дека Соединетите Американски Држави се против промените на границите на Балканот, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Прашан за ставовите на поранешниот шеф на верификационата комисија на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, дека има проект за обединување на Албанците на Косово, на Албанија и во дијаспората, Скот изјавил дека Вокер приватно може да...

МНР го повика албанскиот амбасадор: Изјавите на Рама и на Бушати се сериозна провокација

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река вчера бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи на земјава, по повод зачестените навредливи изјави и коментари на официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија, соопшти денеска МНР. „На средбата беше потенцирано дека изјавите на претседателот на владата (Еди Рама н.з.) и Министерот за надворешни работи на Република Албанија...

Хоџа: Не постои тиранска платформа, средбите со лидерите на албанските партии се рутина

Генералниот директор за политички прашања при Министерството за надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, прашан за наводната интервенција на Тирана во платформата на албанските партии во Македонија, изјавил дека „не постои тиранска платформа“, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Тој додал дека средбите со албанските политички лидери од регионите каде што живеат Албанци, било во Македонија, Прешево или Црна Гора,...

Свилановиќ: Потребно е регионално економско здружување на Балканот

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РСС), Горан Свилановиќ, смета дека политиката „еден регион - една економија“ е добра за Западен Балкан, ако е проследена со честа интеракција помеѓу ресорните министри од регионот и нивните колеги и институции од Европска Унија. - Очекувам дека премиерите на состанокот во Сараево ќе потпишат план за целосна економска интеграција на регионот. Овој...

Азески: Од ЕУ ни треба помош за владеење на правото, корупцијата и за инфраструктурата

„Инфраструктурата останува најголем приоритет, бидејќи таа е основа на сите приказни околу регионалниот развој и пораст, а ние на тој план многу малку имаме направено. Најмногу имаме направено на планот на автопатиштата, најмалку за инфраструктурата на железницата, а и гасификацијата мора да остане голем приоритет,“ изјави претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, на бизнис-форумот на Копаоник. Според него, друга...

Свилановиќ: Крајно време е Балканот да ги препознае пораките од ЕУ

„Крајно време е Западен Балкан да ги препознае пораките од ЕУ и да тргне напред преку регионалната соработка“, изјави Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка (РСС), меѓувладино тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, од кој дел е и Македонија. Тој ја модерираше панел-дискусијата што се одржа првиот ден од познатиот бизнис-форум „Копаоник 2017“, на кој, како...

Вучиќ: Ја следиме ситуацијата во Македонија, но не се мешаме во внaтрешните работи

Србија ја следи ситуацијата во Македонија и во БИХ и ќе направи сè да ги сочува мирот и стабилноста, но нема да се меша во внтарешните работи на своите соседи, изјавил денеска премиерот на Србија, Александар Вучиќ, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Ова Вучиќ го изјавил по средбата со претседателот на владата на германската покраина Хесен Фолекер Буфије, со...

Вучиќ: Барањето на БИХ за ревизија на пресудата во Хаг е неодговорен потег

Највисоките државни функционери на Србија како „неодговорен потег“ го оценија и го осудија отворањето на постапката за ревизија на пресудата на Меѓународсниот суд на правдата во Хаг по тужба на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид и предупредија дека со ваквиот чекор целиот регион се враќа во минатото. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека барањето на БИХ е...

Реформите во енергетскиот сектор се важни за економскиот развој, оцени Пешевски

Реформите во енергетскиот сектор се еден од клучните фактори за економски пораст и за развој на земјата и на регионот, истакна заменик-претседателот на Владата, Владимир Пешевски, кој е домаќин на состанокот на министри за енергетика на земјите од Западен Балкан вклучени во Берлинскиот процес, а кој се организира во соработка со Европската комисија. - Имплементацијата на т.н. меки мерки кои произлегуваат од...

Нухиу: Ако има нова бегалска криза, нашите капацитети нема да бидат доволни

Доколку мигрантската криза се повтори, ќе биде потребно повторно ангажирање на целокупните државни капацитети како и при првиот бран, а многу веројатно и ангажирање на дополнителни капацитети за спречување на илегалното преминување на државната граница на Република Македонија. Ова денеска го истакнал министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на Конференцијата на министрите за внатрешни работи и за одбрана во рамките...

Нишани ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на Милошевиќ

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и дека поттикнуваат тензии и конфликт на Балканот, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Нишани обвинувањата ги изнесе за време на вчерашниот прием за дипломатскиот кор во Тирана, по повод Нова година, притоа алудирајќи на потерницата издадена од српските власти за...

Вучиќ им забрани на министрите да ги коментираат случувањата во регионот

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска потврди дека премиерот Александар Вучиќ на сите министри, државни функционери и службеници им забранил да ги коментираат случувањата во регионот, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. „Премиерот нè замоли да му овозможиме, поради сериозноста на темите и на регионалните односи, тој да одговара на прашањата во врска со регионалните политички теми“,...

Дачиќ: Србија не е задоволна од состојбата во регионот

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Србија не е задоволна од состојбата во регионот, особено во Хрватска, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Дачиќ оценил дека политичката клима во регионот не е во правец на меѓусебно помирување. - Една од главните насоки на надворешната политика на Србија е регионалниот аспект, покрај нашата желба да бидеме членка на Европската Унија и...

Тачи: Косовската полиција спречи напад на фудбалски натпревар во Албанија

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, информираше дека косовската полиција спречила терористички напади што биле планирани да се случат на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Албанија и на Израел, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Тачи сметал дека учеството на косовската полиција во регионалната соработка за спречување на терористички акти, била од круцијално значење. Косовскиот претседател заклучил дека оваа операција е одличен пример...

Македонија на 53. место на Индексот за просперитет на лондонски „Легатум“

Институтот „Легатум“ од Лондон го објави својот десетти јубилеен глобален Индекс на просперитет, кој претставува листа на најпросперитетните земји во светот. На индексот на „Легатум“, Македонија се наоѓа на 53. место, а најдобро рангирана земја од регионот е Словенија, која е на 20. позиција на листата.  Хрватска е на 43. место, Грција на 44., Бугарија на 57., Црна Гора на...

Иванов – Николиќ: Во регионот има премногу историја, но не треба да живееме во минатото

Македонија и Србија од воспоставувањето на дипломатските односи успеаја да изградат искрени и пријателски односи и заеднички интерес на двете земји е да продолжат да ја унапредуваат соработката, изјави македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, по средбата со својот домаќин, претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Иванов рече дека „во регионот има премногу историја и многу историски настани и личности кои треба да...

Воените разузнавачи од ЈИЕ ги проценуваа мигрантската криза и тероризмот

Шефовите на воените разузнавачки служби на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ), меѓу кои и од Македонија, денеска расправаа за опасностите од мигрантската криза и за радикализацијата на националниот екстремизам, кој води до тероризам. Состанокот кој се оддржува во Кишињев, Молдавија, е во рамките на регионална иницијатива со која претседава Регионалниот совет за соработка (РCC) и една од земјите од ЈИЕ...

ЛДП Битола: Нерамномерниот економски развој ја уназади државата

Загрижувачки е трендот на сè поголемиот нерамномерен развој на планските региони во Македонија, а особено назадувањето на Пелагонискиот Регион, во однос на Скопскиот Регион. Така жителите на Скопско земаат двојно повисока бруто-плата во однос на жителите на Пелагонија. Со вакви анализи и обвинувања на сметка на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој, денеска на прес-конференција...

Безбедноста на интернет во ЈИЕ, тема на состанок на безбедносните агенции

Безбедноста на интерент во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) е една од темите на дводневниот форум на националните безбедносни агенции што почна денеска во Подгорица. Форумот кој го организира Регионалниот совет за соработка (РСС), прераснува во традиционалнен начин на соработка и на градење доверба меѓу безбедносните агенции од земјите од ЈИЕ, меѓу кои и Македонија. Меѓу темите на оваа конференција, како...

Шилегов: Македонија е на дното во регионот по странски директни инвестиции

„Македонија останува на дното во регионот по директни странски инвестиции. Во 2016 година инвестициите изнесуваат само 122,92 милиони евра“, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој праша каде се осумте милијарди евра странски директни инвестиции што ги најавувал Никола Груевски. - Груевски мора да одговара за сè, па и за милионите евра народни пари што ги троши, за 32 економски...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...