fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Нашите твитерџии за грчкото „не“ : Македонија вечна, Грција сиромашна

Референдумот во Грција и кажувањето „не“ на грчките граѓани за мерките на европските кредитори, предизвикаа реакција и на македонските социјални мрежи, каде ситуацијата во Грција и грчкиот долг се споредуваат со задолженоста на Македонија. https://twitter.com/legovski/status/615943581648482304 https://twitter.com/pikabu00/status/618016008503230464 https://twitter.com/sazspasm/status/618011478998822912 https://twitter.com/FlavrSavr/status/617994889360445440 https://twitter.com/seirdotmk/status/617993588702638080 https://twitter.com/seirdotmk/status/617989556495847424 https://twitter.com/zamislena/status/617987530470858752 https://twitter.com/iKokkii/status/617988043342004225 https://twitter.com/ZenskiPrikazni/status/617788202267623424 https://twitter.com/MedoDimoski/status/617972445853691904 https://twitter.com/DiSkopje/status/617984096623566848 https://twitter.com/VidanaDeSign/status/617982260743131136 https://twitter.com/propercare/status/617980880917790721 https://twitter.com/hasawatermark/status/616970170997866497 https://twitter.com/bakraci/status/617750908970115072 https://twitter.com/Magare_Edno/status/617329288690434048

Ципрас на линија со Оланд и со Драги

Во Атина сè уште е во тек средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со лидерите на сите претставници на грчките политички партии и со претседателот Прокопис Павлопулос. Средбата трае повеќе од три часа. Пред малку имаше куса пауза поради одлуката на Ципрас и на Павлопулос да разговараат со францускиот претседател Франсоа Оланд, втор телефонски разговор меѓу грчката страна и...

„Финанце“: Поранешна Европска Република Грција

Светските весници денеска насловните страници ги посветија на референдумот на Грција и на продлабочувањето на јазот меѓу официјална Атина и Европа. Меѓу најинтересните се на словенечкиот весник „Финанце“, кој во стилот на привременото име на Македонија во ОН, ја нарече Грција ФЕРОГ (Former European Republic of Greece), и на францускиот весник „Либерасион“, кој на насловната страница со црна силуета на...

Ципрас во трка со времето за нов договор

Грчката влада ја почнува динамично трката за постигнување договор по завршувањето на грчкиот референдум. По оставката на Јанис Варуфакис и неговата тактичка смена од позицијата министер за финансии, во моментов во претседателската палата заседава Националниот совет на политички лидери, а ќе се разговара за преговарачките планови на владата. Заедно со премиерот Алексис Ципрас и со претседателот на државата, Прокопис Павлопулос,...

Ципрас бара да се свика Националниот совет на политички лидери

Грчкиот премиер Алексис Ципрас уште вечерва ќе побара од грчкиот претседател утре рано да се свика Советот на лидерите на политичките партии. Ципрас со воздржан тон истакна дека нема победници или губитници на референдумот и дека тој сам по себе е победа за државата. Најави дека уште од утре ќе седнат на преговарачката маса со европските кредитори за да се...

Самарас си поднесе оставка

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Андонис Самарас, си поднесе оставка по силното „не“ на грчкиот народ против европските мерки. Самарас побара од премиерот Ципрас во рок од 48 часа да донесе договор за грчкиот народ за да се смири општеството и да се стави крај на штетите на грчката економија. Оставката дојде по барање од подмладокот и од дел од...

Варуфакис: Ќе пружиме рака за соработка со кредиторите

Грчкиот министер Јанис Варуфакис со остра реторика и со критика кон кредиторите најави дека од утре ќе разговараат со сите за да се најде заеднички јазик. Тој истакна дека ќе бараат и ќе се отворат кон соработка со кредиторите и ќе гледаат позитивно на последниот извештај на ММФ за Грција и на Европската комисија за да се најде решение. Според него, грчкиот народ...

Ципрас ги договара следните чекори, Грците слават на Синтагма

Поддржувачите на политиката на СИРИЗА гласно слават на плоштадот Синтагма, a грчката влада заседава и веќе контактира со европските лидери. Според информациите, премиерот Алексис Ципрас веќе разговарал со канцеларката Ангела Меркел во врска со нејзината утрешна средба со францускиот претседател Франсоа Оланд околу грчката ситуација. Се очекува Ципрас да разговара и со другите европски лидери во текот на вечерта за...

Повеќе од 260.000 Австријци, потпишаа петиција за излегување од ЕУ

Повеќе од 260.000 Австријци, потпишаа петиција за излегување на Австрија од ЕУ, па парламентот на оваа држава мора да покрене дискусија за евентуален реферндум на таа тема, пишуваат австриските медиуми. Според австрискиот закон, дебатата за потенцијален референдум мора да се спроведе доколку ја побараат најмалку 100.000 луѓе. Петицијата за потенцијален излез од ЕУ ја покрена Инге Рушер, која е пензионирана преведувачка....

Грците поделени меѓу стравот и гордоста

Два дена пред отворање на гласачките места во Грција, сè уште е неизвесно дали ќе надвладее поддршката за грчката влада или, пак, поддршката за мерките на кредиторите за да се осигури останувањето на Грција во еврозоната. Анкетата на весникот „Етнос“ покажува мала предност на гласачите што ќе гласаат за мерките на кредиторите пред оние кои се против нив. Според анкетата, 44,8 отсто од...

Ципрас ја изгуби поддршката од Независни Грци

Во трка за освојување гласачи се фрлаат владата и опозициските партии во следните 72 часа, колку што преостануваат до референдумот во Грција. Гласачите ќе треба да се изјаснат дали се за или против мерките на европските партнери, кои владата смета дека се нефер за грчкото општество, и со тоа да одговорат и на прашањето дали ѝ даваат поддршка на владата...

Еврогрупата ќе го чека исходот од референдумот во Грција

Вториот критичен состанок на Еврогрупата заврши без конкретен резултат за Грција. Според првичните неофицијални информации, нема да има никаков одговор, ниту договор пред да го слушнат резултатот од референдумот во Грција. За кусо се очекуваат изјави од првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, а се очекува европските министри за финансии да испратат и писмо до грчката влада со нивните позиции...

Ципрас не ги повлекува одлуката за референдум и барањето за гласно народно „не“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги демантираше сите гласини за укинување на референдумот. Во обраќање до народот, кусо пред почетокот на новиот состанок на Еврогрупата, и во облак од шпекулации дека владата размислува да ја повлече идејата за референдум, тој најави дека референдумот ќе се одржи и Грција останува посветена на обидот за постигнување договор со европските институции со подобри...

ЕК: Нема нови предлози за Грција

Европската комисија нема да ѝ претстави нови предлози на Грција од името на меѓународните кредитори на Атина, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева. Комесарот за економски и за монетарни прашања на Европската унија, Пјер Московиси, претходно изјави дека Комисијата денеска ќе излезе со нови предлози за Грција. Прес-службата на ЕК вчера соопшти дека Јункер денеска ќе одржи прес-конференција за Грција во...

Обама и Меркел: Исклучително е важно Грција да остане дел од еврозоната

Претседателот на САД, Барак Обама, и германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска имале телефонски разговор и се согласиле дека е исклучително важно да се најде начин Грција да остане во еврозоната, соопштија од Белата куќа. „Лидерите изјавија дека нивните економски тимови внимателно ја следат ситуацијата и ќе останат во тесна врска“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Грција плови низ непознати води: Парламентот го одобри референдумот

Со 178 гласа „за“ и со 120 „против“, грчкото собрание даде зелено светло за предлогот за референдум за мерките за штедење на премиерот Алексис Ципрас. За референдумот гласаа пратениците на СИРИЗА, Независни Грци и на Златна зора, додека сите останати опозициски партии, односно Река, Нова демократија, ПАСОК и Комунистичката партија, беа против идејата на 5 јули народот да одлучува...

Еврогрупата нема да дозволи продолжување на финансирањето на Грција

Еврогрупата нема да ја продолжи финансиската програма за Грција. Првиот човек на Еврогрупата, Јирген Дајселблум, на прес-конференцијата по состанокот на европските министри за финансии, изрази голема разочараност од одлуката на грчката влада ги прекине ненадејно преговорите и да најави референдум, посочувајќи дека нема да го прифатат грчкото барање за продолжување на финансирањето додека не помине референдумот. Дајселблум посочи дека грчката...

Грците извлекуваат пари од банкоматите, опозицијата бара Ципрас да се повлече

Најавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за референдум креираше мала паника меѓу граѓаните. Уште од 2 часот по полноќ, кусо по обраќањето на Ципрас голем дел граѓани почнаа да формираат редови пред банкоматите на банките во Атина и бензинските станици, во паника дека може да се разбудат во банки кои веќе нема да издаваат пари. Овој потег голем дел...

Ципрас пресече: Референдум за мерките на 5 јули

Грците на 5 јули ќе одлучуваат за иднината на државата и за пакетот мерки што ги предлагаат европските кредитори. Премиерот Алексис Ципрас по пет месеци неуспешни преговори и натегања со европските партнери, како и силни притисоци за построги мерки, одлучи да ја стави судбината на државата, нејзиното останување во еврозоната, финансиската стабилност и иднина во рацете на граѓаните. Грчкиот народ в...

Камерон уверен во нови и променети односи со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон изрази уверување дека ќе следат нови и променети односи со Брисел откако покрена обид за измена на договорот со Европската унија, пред најавеното одржување на националниот референдум за напуштање на таа заедница до крајот на 2017 година. - Пред сè, мило ми е што почна процесот на британските реформи, повторното преговарање и референдумот кој ќе се...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...