fbpx
Таг: Полициска Станица

таг: Полициска Станица

Рибокрадци фатени со пет мрежи и со 12 килограми белвица

Полицијата на дело фати и приведе четворица рибокрадци на плажата кај хотел „Белви“, синоќа околу 19.30 часот, во водите на Охридското Езеро. Полициски службеници ги затекнале лицата Б.Б., Р.Б., С.Б. и З.Ц. при излегување од водата. Во чамецот се пронајдени и привремено се одземени 117 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 12 килограми, и пет рибарски мрежи. Одземен бил и металниот чамец. Лицата...

Исчезна 17-годишна девојка од струшко Корошишта

Исчезнала 17-годишна девојка од струшкото село Корошишта, а случајот во СВР Струга го пријавил жител од селото Делогожда. Девојката се упатила во непознат правец од домот на нејзиниот дедо. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Истражителот на СЈО бил приведен, бидејќи фотографирал објект на Мијалков

Истражителот на Специјалното јавно обвинителство бил приведен во полициската станица Беко бидејќи бил забележан како фотографира објект во сопственост на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Тој бил забележан како фотографира објект, го забележало обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Бил повикан на разговор во...

Еден истражител на Јанева приведен, па пуштен, а друг отстранет од УБК

Истражител на Специјалното јавно обвинителство бил приведен во полициската станица Беко, а специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по посетата на полициската станица изјави дека на обвинителите не им било образложено зошто тој бил приведен. - Истражителот кој беше приведен во полициската станица Беко се враќа во просториите на СЈО. Станува збор за истражител кој бил на задача да обезбеди лице...

Напад на полициска станица во Турција – тројца загинати и 40 ранети

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 40 се ранети откако автомобил-бомба експлодира пред полициска станица во источната турска провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата. Засега не се знае колку полицајци и цивили има меѓу загинатите и ранетите во нападот на станицата, која се користи и како полициска касарна. Засега не се откриваат повеќе детали за нападот, за кој се...

Кумановец со прострелна рана во главата пронајден во бунар во село Доброшане

Безживотно тело на маж, со прострелна рана на десната слепоочница, е најдено во бунар во близина на црквата „Света Мина“, во село Добрешане, Кумановско, соопшти денеска Јавното обвинителство. Тим нуркачи на Министерството за внатрешни работи го извадиле телото од бунарот, а надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на местото. За случајот е осомничено едно лице кое било...

Убиен 26-годишен гостиварец, Обвинителството нареди истрага

Дваесет и шестгодишен гостиварец синоќа бил застрелан, по расправија на улица во градот, и неколку часа подоцна починал во Клиничкиот центар во Скопје додека лекарите се обидувале да му ги санираат повредите. Надележен јавен обвинител од гостиварското Основно јавно обвинителство издал наредба за спроведување истрага за пукањето, а денеска биле дадени наредби за вештачење на трагите на оружјето и на...

Казни од 430 евра за тројца демонстранти на „Шарената револуција“ во Штип

Поради шарање на улиците и на тротоарите, тројца демонстранти од „Шарената револуција“ во Штип треба да платат казни од 430 евра. Ова на тројцата им било соопштено по информативните разговори на кои беа повикани синоќа во полициската станица во Штип. - Казните се преголеми и немаме намера да ги плаќаме - вели Горан Трајков, неформалниот лидер на штипската „Шарена револуција“. На...

Напад на полициска станица во Турција, тројца загинати

На југот на Турција, во близина на границата со Сирија, експлодира автомобил-бомба пред полициска станица. Убиени се двајца цивили и полицаец, а ранети се 30 луѓе. Турската агенција „Анадолија“ објави дека на местото на експлозијата, во градот Мидијат, во јужната турска провинција Мардин, пратени се повеќе амбулантни коли. Нападот следуваше по вчерашниот смртоносен напад на полициски автобус во туристичката зона во Истанбул,...

ГДОМ со контра-пароли против Најчевска и Пировска пред полициската станица

Припадници на граѓанското здружение ГДОМ, се појавија на протестот пред полициската станица „Беко“ со транспаренти против Мирјана Најчевска и Уранија Пировска, кои од утринава се таму на информативен разговор. Полицискиот кордон ги спречи граѓаните од ГДОМ да се приближат до демонстрантите од „Шарената револуција“, а по малата вербална расправија со полицијата тие си отидоа. Професорката Мирјана Најчевска утринава се појави на...

Најчевска го обои влезот на полициската станица „Беко“

Професорката Мирјана Најчевска утринава се појави на информативен разговор, а пред полициската станица „Беко“ во Скопје, го офарба влезот. На полициски распит денеска е повикана и извршната директорка на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска. Неколку десетици граѓани утринава се собраа пред станицата за да им дадат поддршка на Пировска и Најчевска и да го изразат револтот од полициските притисоци и сослушувања. Граѓаните извикуваат...

Бомбаши самоубијци нападнале полициска станица во Русија

Бомбаши самоубијци нападнале полициска станица во Ставропољ на југозападот на Русија. Како што јавуваат руските медиуми, пред полициската станица одекнале пет експлозии. Според непотврдени информации, тројца напаѓачи се разнеле, додека четвртиот бил ликвидиран пред да ја детонира експлозивната направа. Засега нема информации за други жртви. Од полицијата во Ставропољ потврдија дека нападот бил насочен кон полицијата. - Нападот е извршен на полициска...

Двајца полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

Двајца полициски службеници се убиени, а најмалку 14 други, меѓу кои и неколкумина цивили, се повредени во експлозија на автомобил-бомба, што се случила рано утрово во југоисточниот дел на Турција, јавуваат светските агенции. Турските официјални власти соопштуваат дека зад нападот стојат милитанти на Курдската работничка партија (ПКК). Засега никоја не ја презел одговорноста за нападот. Бомбашкиот напад, како што пренесуваат медиумите, се...

Напад на полициска станица во предградие на Истанбул

Во преградие на Истанбул денеска е нападната полициска станица, а при нападот нема повредени лица, јавуваат турските медиуми. Медиумите наведуваат дека нападот на зградата на полицијата го извршиле две жени. Турската телевизија „Си-ен-ен Турк“ наведе дека напаѓачите останале заробени во зградата, додека весникот „Хуриет“ пренесува дека жените пукале од возило во движење, а потоа побегнале.

Турција: Шест загинати во напад на полициска станица

Шест лица загинаа, а 36 се повредени во напад на полициска станица во јужниот турски град Цанар, претежно населен со Курди. Според првите извештаи, бомбашкиот напад го извршиле припадници на Работничката партија на Курдистан, која, наводно, објавила дека ја продолжува војната против режимот во Анкара. Турскиот весник „Хуриет“ наведува дека пред полициската станица експлодирал автомобил полн со експлозив, а потоа следел...

Во Сараево се преземаат засилени безбедносни мерки

По вчерашниот напад на полициската станица во Сараево, денеска се преземаат засилени безбедносни мерки за заштита. Првата бомба, која вчера беше фрлена, не експлодира, но втората, фрлена 15 минути подоцна, експлодира и предизвика хаос. За среќа, нема повредени во експлозијата. - Формирани се мешовити тимови на полицијата и трагаме по терористите  - изјави полицискиот комесар Семир Шут.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...