fbpx
Таг: плаќање

таг: плаќање

Андреевски: Увозот на струја ќе ги чини граѓаните 4,2 милиона евра

Неверојатни 4,2 милиона евра ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија и тоа само за период од две недели, од 7 јануари заклучно до 22 јануари, истакна денеска претседателот на Комисија за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски. Тој истакна дека „ако РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј работеа, немаше да има ризик од останување без струја“. - Срамно, безобразно и несовесно од страна на...

СДСМ: Kолку ќе платиме за струјата што треба да ја увеземе следната недела

„Ситуацијата со недостиг на струја е сериозна, ќе се увезува струја и следната недела. Ќе се одлеваат нови милиони евра народни пари за скапиот увоз“, се вели во соопштение на СДСМ. Во него се додадава дека е распишан нов тендер за увоз на струја за периодот од 14 до 22 јануари. - Ова на денешната прес-конференција го сокри директорот на АД ЕЛЕМ,...

СДСМ: Со скапиот увоз на струја, граѓаните за два дена се оштетени за 300.000 евра

СДСМ ја повикува власта во заминување да престане да крие информации од граѓаните за реалниот ризик, домаќинствата да останат без струја, се вели во соопштението на СДСМ. - Реалноста е дека Македонија се соочува со недостиг од струја и како што вчера предупредивме, денеска е распишан тендер за нов интервентен увоз на струја. Како што објавивме вчера, на Божиќ бил распишан...

УЈП: Во најкраток рок да се плати персоналниот данок на доход

Доколку граѓаните не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходни години врз основа на годишна даночна пријава или за 2016 година врз основа на аконтативна даночна пријава, тоа да го сторат во најкраток можен рок, порачуваат од Управата за јавни приходи (УЈП). Оттаму прецизираат дека укажувањето се однесува и за самостојните вршители...

Жители од тетовско Горно Седларце го блокираа автопатот Тетово – Гостивар

Автопатот Тетово - Гостивар попладнево беше блокиран околу половина час, од жители од тетовското село Горно Седларце кои протестираа кај наплатната рампа за излез од Тетово. Тие се револтирани што мора да плаќаат патарина за влез и за излез од Тетово иако по овој автопат поминуваат само три и пол километри, колку што има од нивното село до Тетово. - Некои...

Сметките за парно греење ќе можат да се плаќаат електронски

Компанијата „Балкан енерџи“ воведе можност за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија. - Новата платформа „Бег ипеј“ (BegEPay) на потрошувачите им овозможува на брз и едноставен начин да ги проверат, според име и датум, сите неплатени сметки за топлинска енергија на нивните станови и деловни простории и да ги платат по електронски пат, без дополнителни трошоци. Преку новата услуга...

Народна банка објави како ќе изгледа кованата пара „Мајка Тереза“

Народна банка го објави изгледот на кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“, која ја пушти во оптек на 11 август по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица. Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.

Граѓаните од поплавените подрачја нема да плаќаат за вода и за смет до октомври

Градот Скопје ќе издвои 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра за реконструкција и за санација на улиците што беа оштетени од поплавите во неколку населени места во Гази Баба, било одлучено на денешната седница на Советот на Град Скопје. - Втората одлука е ослободување на корисниците од плаќање надомест за извршена услуга собирање и транспортирање на комунален отпад. Со оваа...

Парични казни за 300 штипјани оти заборавиле да пријават дека платиле данок

Парични казни од 100 евра треба да платат околу 300 штипјани, главно издавачи на станови, кои платиле данок, но не пријавиле дека го сториле тоа. Тие, главно поради неинформираност, не поднеле аконтативна даночна пријава, со која се пријавува дека е платен данокот на остварениот приход. На нивните домашни адреси деновиве почнале да пристигнуваат решенија со кои се казнуваат поради тоа што...

СДСМ: Провизии од 44 милиони евра во енергетскиот сектор

Регулаторната комисија за енергетика, чиј претседател е од редовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кратово, трет ден молчи за чии интереси дозволува увоз на струја поскапа за неверојатни 41,7 проценти, кога цената на регионалните берзи е падната за 20 евра за еден мегават-час, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се вели дека додека се молчи за скапиот увоз,...

„Фајненшал тајмс“: Шведска ќе забрани плаќање со готовина

Шведска би можела да забрани употреба на готовина и целиот систем да се потпира на безготовинско плаќање, пишува „Фајненшал тајмс“. Според овој медиум, логиката на шведските власти е јасна - помалки пари во готовина значи и помалку вооружени грабежи. Помалу пари во оптек, воедно е и помош за државниот буџет, бидејќи на тој начин ќе има помалку затајување даноци. Имено, банките во...

НЛБ Тутунска банка воведе картички за бесконтактно плаќање

НЛБ Тутунска банка воведе картички за бесконтактно плаќање „дебит мастеркард контактлес“ (Debit MasterCard Contactless). Бесконтактното плаќање е нова технологија што овозможува извршување на плаќањето само со доближување на картичката до ПОС-терминалот. За клиентите овој начин на плаќање нуди поголема сигурност, како и побрзо и полесно извршување на плаќањето. НЛБ Тутунска банка оваа година одбележува и прославува голем јубилеј, 30 години од своето...

Граѓаните ќе можат да ги плаќаат даноците преку интернет

Граѓаните можат да плаќаат даноци преку интернет со безготовинските картички „виза“, „маестро“ и „мастеркард“ издадени од домашни банки. Потребно е да се регистрираат и да креираат кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ на https://etax.ujp.gov.mk/ - Услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите интернет-преглед и...

Во Кина е пуштен во употреба системот за меѓународно плаќање ЦИПС

Кинескиот систем за меѓународни плаќања ЦИПС (The China International Payments System, CIPS), денеска официјално беше пуштен во употреба на церемонија во Шангај, објави Државниот совет на Кина. Првата трансакција извршена во новиот систем е пренос на пари од Кина во Луксембург, пренесува „Ер-Би-Си“. Почетокот на работата на системот ЦИПС ќе овозможи да се зголеми ефикасноста на прекуграничното плаќање во јуани и ќе го...

Британците ќе плаќаат по половина фунта годишно за одржување на кралското семејство

По нешто повеќе од една фунта на годишно ниво ќе плаќа секој жител на Велика Британија за одржување на кралското семејство. Овој податок е обелоденет откако Бакингамската палата сооопшти дека за изминатата година за кралското семејство биле потрошени 35,7 милиони фунти. Половина од парите биле наменети за тековните службени должности на кралицата, а другите за одржување на кралските резиденции и објекти. Една...

Купувале мобилни телефони и стока преку неликвидна фирма

Тројца прилепчани, Т.Ѓ. (61), Д.Н. (35) и М.Г. (36), и локална фирма се осомничени дека сториле кривично дело измама, информира полицијата. Осомничените, според информациите, во текот на мај 2014 година ја презеле локалната фирма „Гризли дан“,и покрај тоа што знаеле дека е неликвидна и неспособна за плаќање. Сопственик и управител на фирмата првин станал Д.Н., кој заедно со другите склучил претплатнички договор...

„Мајкрософт“ воведува плаќање со биткоин

Компанијата „Мајкрософт“ донесе одлука да ја прифати виртуелната валута биткоин, со која отсега ќе можат да се плаќаат разни услуги на оваа компанија. Со биткоин ќе може да се купуваат видеоигри, видеоопрема за конзолата „икс-бокс“, апликации за телефони, како и други софтвери на „Мајкрософт“. Засега, со биткоин ќе можат да плаќаат само во Америка. Иако „Мајкрософт“ не објави официјално соопштение...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...