fbpx

Сметките за парно греење ќе можат да се плаќаат електронски

-

Компанијата „Балкан енерџи“ воведе можност за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија.

– Новата платформа „Бег ипеј“ (BegEPay) на потрошувачите им овозможува на брз и едноставен начин да ги проверат, според име и датум, сите неплатени сметки за топлинска енергија на нивните станови и деловни простории и да ги платат по електронски пат, без дополнителни трошоци. Преку новата услуга може да се платат сите доспеани сметки, односно фактури, освен тие што се предмет на тужба – известуваат од компанијата.

За да може потрошувачот да го користи системот за електронско плаќање на сметките, потребно е да се регистрира, односно да креира свој кориснички профил, следејќи го упатството поставено на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски нема повторно да се кандидира за претседател и не е оптимист дека ќе се изгласаат уставните измени

Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека не гледа простор наредниве месеци, како што се оди кон техничка влада која треба да се оформи на 28 јануари, дека ќе...