fbpx
Таг: осуда

таг: осуда

Ахмети: Протестите се демократско право, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија

Протестите се демократско право на изразување на незадоволство, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со шведскиот амбасадор во земјава, Матс Стефансон, осудувајќи го нападот на новинарската екипа на „А1он“ на вчерашниот протест. Ахмети и Стефансон разговарале за актуелната состојба во Македонија и за преговорите меѓу политичките партии околу...

СЕММ: Насилството врз новинарите продолжува да биде сериозен проблем

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудува вчерашниот физички напад на новинарската екипа на порталот „А1он“ и со загриженост оценува дека инцидентот ги потврдува тенденциозните обиди да се загрози слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана. Од Советот велат дека ова не е изолиран инцидент, а трендот на насилство и на попречување на...

СДСМ: Лага се пишувањата за менување на симболите и за осуда на народи за геноциди

Лага се пишувањата на потралите „Република“, „Курир“ и медиумите што ги пренесуваат, за некакви менувања на државното знаме и химна, за некакви осуди на народи за геноциди, за јазични решенија спротивни на Уставот и слични измислици, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „сите тие лаги се само тенденциозен обид за подгревање на национална нетрпеливост помеѓу...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаат да ги уништат медиумите врз кои немаат контрола

СДСМ и Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола и активно се борат против секоја мисла различна од нивната, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници. Соросовиот новинарски синдикат призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори...

Платформата „Македонија 2025“ ги осудува коментарите на американскиот конгресмен

Платформата „Македонија 2025“ остро ги осудува коментарите на републиканскиот конгресмен Дана Рорабакер и повикува да се повлече неговото претседаваштво на конгресниот Поткомитет за Европа, Евроазија и новите закани, се вели во соопштението на „Македонија 2025“. - Крајно е неодговорно за високорангиран конгресмен на САД отворено да го пропагира уништување на една независна нација. Во овој случај, повикот за делба на...

Анкара го осуди израелскиот закон за легализација на дивите еврејски населби

Министерството за надворешни работи на Турција денеска го осуди контроверзниот закон на израелската влада за ретроактивна легализација на еврејските населби изградени на палестинска земја на Западниот Брег, јавуваат турските медиуми. Во соопштението, турското МНР наведува дека е неприфатлива политиката што Израел упорно ја спроведува и покрај Резолуцијата 2334 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 23 декемри 2016 година, во...

Македонците од Албанија го осудија Бушати за изразот „славомакедонци“

Вчерашната изјава на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, за албанската телевизија „Топ ченел“, во која за македонскиот народ тој го употреби изразот „славомакедонци“, наиде на општа осуда меѓу етничките Македонци во Албанија. Македонското друштво „Илинден“ од Tирана и разгранокот на друштвото за областа Голо Брдо денеска соопштија дека го осудуваат и оти се непријатно изненадени од...

Советот за безбедност на ОН го осуди нападот во Ерусалим

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска најостро го осуди терористичкиот напад во Ерусалим, во кој загинаа четири лица и им изрази сочувство на Владата и на народот на Израел. Како што се наведува во соопштението, неопходно е да се изнесат пред лицето на правдата тие што се одговорни за нападот и се истакнува дека тероризмот во сите облици станува најсериозна закана...

Заев ги повика албанските партии да не коалицираат со Груевски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ги повика албанските партии што имаат освоено пратенички мандати во Собранието да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ и со нејзиниот лидер, Никола Груевски, бидејќи во спротивно тоа би значело поддршка на режим и на диктатура, наспроти волјата на мнозинството граѓани. - Сите партии мора да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани на последните избори за промени....

ВМРО-ДПМНЕ ги осуди посмртните фотографии на амбасадорите објавени на интернет

ВМРО-ДПМНЕ го осуди објавувањето и ширењето некролози за амбасадорите и на дипломатите од неколку земји. Од партијата велат дека ваквиот акт е целосно неприфатлив и недозволен и дека во иднина мора да сопре. „ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза на новинари блиски до СДСМ, кој јавно се објавува на порталите под контрола на партијата. Јавното повикување на ликвидација на претседателот...

Русија: Убиството на амбасадорот е терористички напад

Убиството на рускиот амбасадор во Турција, Русија го окарактеризира како терористички напад. Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Марија Захарова, објави дека темата за нападот врз рускиот дипломат ќе биде поставена пред официјални лица во Советот за безбедност на Обединетите нации. Свое обраќање се очекува да има и рускиот претседател Владимир Путин. Турското министерство за внатрешни работи го зајакна обезбедувањето на руската...

Вулин: Во Хрватска се буди фашизмот, а ЕУ молчи

Српскиот министер за труд, боречки и социјални прашања, Александар Вулин, денеска изјави дека во Хрватска веќе со години трае будењето на фашизмот и апелираше до Хрватска, но и до меѓународната заедница да ја осудат ваквата појава. „Ја предупредуваме и хрватската јавност и целиот свет дека фашизмот во Хрватска повторно се буди“, рече Вулин пред новинарите во Алибунар, коментирајќи го откривањето...

Синдикатите потпишаа повелба и го поздравија разрешувањето на Митревски

Повеќе гранкови синдикати ставија потпис на повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права, со која, меѓу другото, се спротиставуваат на опструкциите на синдикализмот и бараат од надлежните органи во земјава да преземат активности за нивно надминување. Со повелбата, која ја потпишаа Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикатот на работниците од управата, правосудните...

Најмалку 59 лица се убиени во напад на полициска академија во Пакистан

Најмалку 59 лица се убиени, а повеќе од 100 се ранети во екстремистички напад во полициска академија на југозападот на Пакистан. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. Во моментот кога напаѓачите влегле, во академијата имало меѓу 200 и 500 кадети. На местото на настанот пристигнале и безбедносните сили и полицијата и го обезбедиле местото, но внатре се слушале пукотници. Терористите влегле...

САД го осудија референдумот во Република Српска

САД го осудија референдумот што се одржа во неделата во Република Српска и го нарекоа нелегален. Од Вашингтон наведуваат дека ќе ги поддржат локалните институции кои бараат раководството на Република Српска да одговара за подривање на владеењето на правото и за опструкциите на применувањето на Дејтонскиот договор. - Ги повикуваме сите страни во БИХ да се воздржат од понатамошни акции и од реторика...

Пет лица од Косово осудени за тероризам

Косовскиот суд им одреди затворска казна на пет лица поради тероризам. Казните се движат од четири до 13 години затвор, а досудени се поради учество во Исламска држава. „Нивната цел била да положат заклетва на терористичката организација Исламска држава и да објават на интернет за да се покаже присуство на Исламската држава на Косово“, се наведува во пресудата на судот. На...

150 лица загинаа во судири во Јужен Судан

Во Џуба, главниот град на Јужен Судан, во судири меѓу владините сили и припадници на бунтовнички групи, кои траат два дена, загинаа 150 лица. Како што јавуваат светските агенции, судирите почнале во реонот околу претседателската палата, а потоа се рашириле во повеќе делови на градот. Во времето кога почнале борбите, во претседателската палата се одржувал состанок меѓу претседателот на Јужен...

13-годишна Израелка избодена до смрт на спиење

Тринаесетгодишна Израелка била избодена со нож до смрт, во напад кој се случил денеска во еврејска населба во окупираниот Западен Брег, јавуваат светските медиуми. Халел Јафа Ариел била нападната додека спиела во својата соба, во населбата Кирјат Арба. Чуварите на населбата го убиле напаѓачот, а при интервенцијата еден од нив бил потешко повреден со нож во лицето. Израелското министерство за здравство...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само креира хаос и ја нарушува безбедноста на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното „палење, демолирање, кршење и вандализам на хулигани од СДСМ и Сорос“, рече Илија Димовски денеска на прес-конференција. Димовски вели дека со вчерашните настани само се креира хаос и се нарушува безбедноста и спокојството на граѓаните, а се предизвикува и огромна материјална штета врз државните институции. - Вчера СДСМ демонстрираше анархија и беззаконие преку платени маскирани хулигани...

СДСМ: Одговорност за упадот во „ТВ21“ мора да има

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска најостро го осудува вандалскиот упад во „ТВ 21“ од обезбедувањето на Никола Груевски и побара одговорност за нарачателите и за извршителите на овој чин. „Овој вандалски чин е уште една потврда до кој степен е загрозена слободата на известување и на изразување во Македонија, покажува колку е урнисана демократијата во земјава. Никола Груевски и неговите...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...