fbpx
Таг: Либија

таг: Либија

Расте бројот на загинати во поплавите во Либија, 30.000 луѓе останаа без покрив над глава

Над 30.000 лица останаа без живеалишта во катастрофалните поплави што го зафатија источниот дел на Либија. Извештаите за бројот на жртви варираат во голема мера и се движат меѓу 6.000 и 11.000 изгубени животи. Илјадници лица се водат како исчезнати, а градоначалникот на најпогодениот град Дерна стравува дека вкупниот број на загинати би можел да достигне 20.000, пренесе Би-би-си. Преживеаните...

Бројот на загинати во Либија расте, Црвен крст со апел до македонските граѓани за помош

Стравувањата се дека во либискиот град Дерна загинале 20.000 лица во катастрофалните поплави во изминативе денови, јавува Би-би-си. Овој крајбрежен град е претворен во руина од надојдените води, со уништени згради и возила, додека бројот на исчезнати лица во морето од поплавите е огромен. Најголема среќа во Дерна имале жителите од источните делови на градот, кои се наоѓаат на рид...

Бројката на загинати во поплавите во Либија се искачи на над 5.300 луѓе

Повеќе од 5.300 луѓе загинаа по поплавите во либискиот град Дерна, пренесува Би-би-си.  Силните поплави пукнале две брани во источниот крајбрежен град и со земја срамниле домови. Улиците се покриени со кал, урнатини и превртени возила. Меѓународната организација за миграција соопшти дека смртоносните поплави што ја погодија источна Либија раселиле повеќе од 30.000 луѓе. Агенцијата на ОН соопшти дека најмалку 30.000...

Големите поплави и пукањето на брани во Либија однесоа над 2.000 човечки животи

Медитеранската бура „Даниел“ предизвика катаклизмични поплави во Либија и пукање на брана, а се стравува дека досега животите ги загубиле над 2.000 луѓе. Однесени од пороите биле цели населби во повеќе крајбрежни гратчиња на истокот на земјата, јави Асошиејтид Прес. Најголемо опустошување се случило во Дерна, градот со кој претходно управуваа исламските екстремисти во судирите и граѓанската војна што се...

Непроверени наводи за смртта на косовски Србин во Либија и фотографијата на Тибор Церна во косовските медиуми

Јужно од Триполи било пронајдено тело на еден платеник, пренесува Анадолија, повикувајќи се на официјални извори од Либија. Неколку водечки косовски медиуми, меѓу кои и јавниот сервис, потпирајќи се на непроверени информации од Твитер пренесоа дека се работи за Србин од Косово, кој учествувал и во судирите во 1999 година, а објавија и фотографија на која е припадникот на...

По вчерашниот голем пад, цените на нафтата во пораст

На главните пазари за сурова нафта денеска цените на нафтата повторно се во пораст, откако вчера го доживеаја најголемиот пад во последните две години. Брент суровата нафта вчера доживеа пад на цената од 6,9 отсто, што е најголемиот пад во последните две години и достигна до цена од 73,4 долари за барел. Американската сурова нафта поевтини за пет отсто, и...

Грчките служби фатиле 410 тони експлозив наменети за Либија

Грчката крајбрежна стража спречила транспорт на 410 тони експлозив во брод што го пресретнале кај островот Крит. Сандаците со експлозив се пронајдени на брод што пловел кон Либија под танзаниско знаме, а биле натоварени во турското пристаниште Мерсин, јавија грчките медиуми. Приведени се 8 членови на екипажот. Бродот пловел кон Мисрата.

Спасени 300 мигранти кај Либија

Либиската крајбрежна стража спасила повеќе од 300 мигранти во море, западно од Триполи, соопшти портпаролот на либиската морнарица. Крајбрежната стража утринава спасила 140 илегални мигранти западно од Триполи и уште една група од 164 мигранти во близината на Сабрата, меѓу кои имало седум жени и шест деца, рече портпаролот. Како што соопшти тој, мигрантите се од Подсахарска Африка, Египет, Мароко и...

УНХЦР бара помош од 421 милион долари за бегалците од Африка

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) побара помош од 421,2 милиони долари (околу 365,3 милиони евра) за подобрување на заштитата на бегалците во Субсахарска и во Северна Африка, како и за напорите што Европа ги вложува во врска со барателите на азил, јавуваат агенциите. Од УНХЦР навеле дека е потребен план за помош на бегалците и на другите луѓе...

Ирската морнарица спасила 712 мигранти кај брегот на Либија

Ирската морнарица спасила 712 лица кај брегот на Либија, во рамките на меѓународна акција за спасување мигранти во Средоземното Море, соопштиле денеска одбранбените сили на Ирска, јавуваат светските агенции. Во спасувачката операција учествувале голем број бродови на околу 40 километри северозападно од главниот град на Либија, Триполи. „Можам да ви соопштам дека сите животи се спасени и дека нема жртви. Стануваше...

Египет како одговор на масакрот бомбардираше кампови на терористите

Египетски борбени авиони ги нападнаа камповите на терористите по масакрот на коптски христијани во Египет, соопшти претседателот Абдел Фатах Сиси. Нападите се извршени во источниот дел на Либија. Претседателот на Египет вети дека ќе продолжи да ги напаѓа базите користени за обука на милитанти што вршат терористички напади во неговата земја, без оглед на чија територија се наоѓаат. Сиси нагласи дека...

Пронајдени пет тела на мигранти кај Либија, се стравува дека се удавиле 200 луѓе

Тела на пет настрадани мигранти се пронајдени во морето кај брегот на Либија, откако потонале чамците со кои пловеле. Се стравува дека повеќе од 200 лица загинале. „Проактива“, една од неколкуте групи кои дејствуваат на море, соопшти дека добила известување дека еден чамец тоне и оти уште едно чамче потонало со него. - Имајќи ја предвид големината на чамците, кои често...

Спасени 3.000 мигранти кај брегот на Либија

Во најмалку 20 операции изведени вчера во Средоземното Море, кај либискиот брег се спасени околу 3.000 лица, соопшти италијанската крајбрежна стража. - По неколку мирни дена, денеска многу мигранти се спасени, затоа што временските услови за пловидба се поповолни – соопштија од стражата. Според италијанските статистички податоци, од 1 јануари до 7 март годинава спасени се 16.206 лица, а минатата година...

Во Средоземно Море пронајдени тела на 74 мигранти

Либиската Црвена полумесечина соопшти дека тела на 74 мигранти испливале на брегот на Средоземно Море, кај градот Зави. Портпаролот на оваа хуманитарна организација, Мохамед ал Мисрати, рече дека телата испливале утринава и додаде дека не се познати околностите во кои луѓето настрадале. Мигрантските несреќи на медитеранската рута меѓу Либија и Италија се на рекордно високо ниво.

Меркел повика на единство во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, повика на европско единство во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ на Малта. Состанокот се одржува за да се пронајде начин да се намали бројот на мигрантите што ја напуштаат Либија. - Европа својата судбина ја држи во сопствени раце – рече Меркел. Таа истакна дека Европската Унија треба да биде што појасна во дефинирањето на својата улога во...

Либиската војска пронашла 90 тела на екстремисти

Либиската војска пронашла околу 90 тела на убиени екстремисти на местата на неодамнешните воздушни удари извршени од коалицијата предводена од САД, во близина на упориштата на ИД кај градот Сирт. Војската објавила фотографии од објекти во пустината, покриени со песок и со трева, наведувајќи дека овие позиции се користат за обука. На овие места е пронајдена муниција, појаси за самоубијци...

Спасени 1.400 мигранти во близина на брегот на Либија

Италијанската крајбрежна стража вчера спасила околу 1.400 мигранти во близина на брегот на Либија, кои со гумени чамци и со два помали брода се обиделе да стигнат до европското копно. Како што соопшти крајбрежната стража, таквата пловидба е опасна во текот на летото, а уште поопасна на студено време, кога морето е немирно и ризикот од хипотермија е поголем. Мигрантите се спасени...

Водач на Ал каеда убиен во напад со дрон во Либија

Абу Талха ел Хасанави, висок член на разгранок на Ал каеда на северот на Африка, е убиен откако беспилотно летало вчера ја погодило неговата куќа во градот Сабха. Либиската новинска агенција ЛАНА јавува дека еден од лидерите на Ал каеда е убиен во напад со дрон на југот на Либија. Ел Хасанави претходно побегнал од крајбрежниот град Сирт, каде либиската војска се...

Кај брегот на Либија се удавиле повеќе од 239 мигранти

Повеќе од 239 мигранти се удавија кај брегот на Либија по потопување на два брода, јавува „Би-би-си“. Досега во Средоземното Море од почетокот на бегалската криза загинаа 4.200 лица. Обединетите нации предупредуваат дека годинава ќе биде најсмртоносна од почетокот на мигрантската криза.

Италијанската морнарица спасила 500 мигранти во Средоземно Море

Италијанската морнарица денеска спасила речиси 500 мигранти недалеку од брегот на Либија, јавуваат светските агенции. Во спасувачката акција биле пронајдени и телата на шестмина мигранти кои испаднале од гумен чамец, кој почнал да се полни со вода. Два патролни брода и два хеликоптери на италијанската морнарица сè уште трагаат по преживеани и по жртви. Хеликоптерите кои учествувале во денешната спасувачка оепрација...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...