fbpx
Таг: КризнаСостојба

таг: КризнаСостојба

Владата бара кризната состојба на јужната граница да се продолжи за цела година

На денешната пленарна седница на Собранието, пратениците ќе гласаат за продолжување на кризната состојба на јужната граница поради зголемениот број на бегалци што транзитираат низ земјава. Владата побарала од Собранието пратениците да донесат одлука за кризната состојба да се продолжи до 15 јуни 2016 година. На седницата што се одржа на 19 август, Владата донесе одлука да се прогласи кризна состојба во период од...

АРМ: На границата остануваме се додека е потребно

Припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) кои беа распоредени на јужната граница, два дена откако Владата прогласи вонредна состојба поради големиот наплив на мигранти, и натаму остануваат на границата како асистенција на полицијата, велат за „Мета“ од Генералштабот на АРМ. Од ГШ додаваат дека нивниот ангажман ќе трае „се додека има потреба“. - Сили на АРМ сè уште се распоредени во...

На бегалската криза не и се гледа крајот: Колку што си одат, уште толку доаѓаат

Нов голем бран бегалци и мигранти, претежно од Сирија, се очекува деновиве да пристигне на македонската јужна граница. Како што пишуваат грчките медиуми, утрово околу 5 часот, траектот „Елифтериос Венизелос“ со околу 2.500 мигранти испловил од Митилини на островот Лезбос. Траектот треба да пристигне на пристаништето во Пиреа, денеска попладне околу 5.40 часот, од каде потоа со автобуси и...

Котевски: Вонредната состојба е сè уште на сила и ќе трае дури има потреба

Одлуката за прогласување на вонредна состојба што во средата, 19 август,  ја донесе Владата поради големиот наплив на бегалци и мигранти, е сè уште на сила, вели за „Мета“, помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски. А, колку ќе трае кризната состојба, врз основа на која беше ангажиран и дел од Арамијата на Република Македонија (АРМ)...

Припадници на АРМ се распоредија на јужната граница

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) попладнево се распоредија долж граничниот појас кај Гевгелија, каде има голем наплив на бегалци и мигранти кои сакаат да влезат во земјава, јавува „Телма“. Според информациите, на граничниот појас ќе патролираат мешани екипи на Армијата и на полицијата кои ќе бидат присутни на терен 24 часа. „Во моментот Армијата на Репбулика Македонија...

УНХЦР бара да ги отвориме границите и да ги заштитиме бегалците

Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутерес денеска разговарал со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, за ситуацијата со бегалците на македонско-грчката граница и добил уверување дека „границата нема да биде затворена во иднина“. „УНХЦР е особено загрижена за илјадниците ранливи бегалци и мигранти, посебно жени и деца, насобрани на грчката страна на границата во сè полоши услови“,...

АИ: Македонските власти како да се справуваат со немири, а не со бегалци

„Секоја земја има право да патролира долж своите граници, но овој вид на пара-милитарен одговор е неприфатливо кршење на меѓународното право“, изјави заменик директорот на европската филијала на „Амнести интернешнл“, Гаури ван Гулик, откако Владата прогласи кризна состојба на јужната и на северната граница и на неколку илјади бегалци не им се дозволува илегално да влезат во земјава. Од „Амнести...

Либералите го поздравија дополнителното обезбедување на границата

Либералната партија го поздравува дополнителното обезбедување на јужната и на северната граница и истовремено ја повикува Владата да започне интензивна комуникација со европските и другите држави од регионот, „така што организираниот транзит на бегалците ќе гарантира нивен престој од најмногу 72 часа во Македонија до нивно безбедно заминување кон посакуваните дестинации во земјите од Европската унија“, соопштуваат од партијата. „Разбирливи...

Коцијанчич за „Мета“: Ја следиме состојбата на границата и се координираме со владата

Европската комисија е запознаена со одлуката на владата да прогласи кризна состојба во регионот на јужната и северната граница и е во контакт властите и со УНХЦР. - Во оваа фаза, Комисијата одблизу го следи развојот на настаните и мерките кои ги преземаат или ќе ги преземаат властите и ги утврдува фактите – изјави за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролката еврокомесарот...

„Легис“: Прогласувањето кризна состојба е прерана и непотребна мерка

Прогласување на кризна состојба и распоредување на армијата на јужната и северната граница е прерана мерка за нешто што може да се постигне со подобра и поефикасна организација на властите, велат експеритете. Јасмин Реџепи активист и хуманитарен работник од невладината организација „Легис“ вели дека владината одлука за прогласување кризна состојба поради зголемениот прилив на мигранти во државата е непотребна и...

ЕК: Македонија има право да контролира кој влегува на нејзина територија

Во согласност со меѓународните закони, Македонија има право да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите. Ова денеска преку го соопшти прес-службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. – Комисијата знае за одлуката на Владата да прогласи вонредна ситуација во областите долж јужната и северната...

Што значи кризна состојба, колку може да трае и што потоа?

Состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Вака, според Законот за управување со кризи е дефинирана кризната состојба, која владата вчера донела одлука да се воведе на јужната и северната...

Владата прогласи кризна состојба на северната и јужната граница

Владата на вчерашната седница поради зголемениот прилив на мигранти во државата донела одлука за прогласување на кризна состојба на јужната и северната граница. Ова денеска на прес-конференција го соопшти помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, додавајќи дека согласно законските прописи за обезбедување на јужната граница ќе биде ангажирана и Армијата на РМ. Како што соопшти...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...