вторник, 18 август, 2026
Meta.mk

Ознака: КризнаСостојба | 13 резултати

Припадници на АРМ се распоредија на јужната граница

август 21, 2015

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) попладнево се распоредија долж граничниот појас кај Гевгелија, каде има голем наплив на бегалци и мигранти кои сакаат да влезат во земјава, јавува „Телма“. Според информациите, на граничниот појас ќе патролираат мешани екипи на Армијата и на полицијата кои ќе бидат присутни на терен 24 часа. „Во моментот […]

УНХЦР бара да ги отвориме границите и да ги заштитиме бегалците

август 21, 2015

Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутерес денеска разговарал со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, за ситуацијата со бегалците на македонско-грчката граница и добил уверување дека „границата нема да биде затворена во иднина“. „УНХЦР е особено загрижена за илјадниците ранливи бегалци и мигранти, посебно жени и деца, насобрани на грчката страна на […]

АИ: Македонските власти како да се справуваат со немири, а не со бегалци

август 21, 2015

„Секоја земја има право да патролира долж своите граници, но овој вид на пара-милитарен одговор е неприфатливо кршење на меѓународното право“, изјави заменик директорот на европската филијала на „Амнести интернешнл“, Гаури ван Гулик, откако Владата прогласи кризна состојба на јужната и на северната граница и на неколку илјади бегалци не им се дозволува илегално да […]

Либералите го поздравија дополнителното обезбедување на границата

август 21, 2015

Либералната партија го поздравува дополнителното обезбедување на јужната и на северната граница и истовремено ја повикува Владата да започне интензивна комуникација со европските и другите држави од регионот, „така што организираниот транзит на бегалците ќе гарантира нивен престој од најмногу 72 часа во Македонија до нивно безбедно заминување кон посакуваните дестинации во земјите од Европската […]

Коцијанчич за „Мета“: Ја следиме состојбата на границата и се координираме со владата

август 21, 2015

Европската комисија е запознаена со одлуката на владата да прогласи кризна состојба во регионот на јужната и северната граница и е во контакт властите и со УНХЦР. – Во оваа фаза, Комисијата одблизу го следи развојот на настаните и мерките кои ги преземаат или ќе ги преземаат властите и ги утврдува фактите – изјави за […]

„Легис“: Прогласувањето кризна состојба е прерана и непотребна мерка

август 21, 2015

Прогласување на кризна состојба и распоредување на армијата на јужната и северната граница е прерана мерка за нешто што може да се постигне со подобра и поефикасна организација на властите, велат експеритете. Јасмин Реџепи активист и хуманитарен работник од невладината организација „Легис“ вели дека владината одлука за прогласување кризна состојба поради зголемениот прилив на мигранти […]

ЕК: Македонија има право да контролира кој влегува на нејзина територија

август 21, 2015

Во согласност со меѓународните закони, Македонија има право да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите. Ова денеска преку го соопшти прес-службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. – Комисијата знае за одлуката на Владата да прогласи вонредна ситуација во […]

Што значи кризна состојба, колку може да трае и што потоа?

август 20, 2015

Состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Вака, според Законот за управување со кризи е дефинирана кризната состојба, која владата вчера донела одлука да се воведе […]

Владата прогласи кризна состојба на северната и јужната граница

август 20, 2015

Владата на вчерашната седница поради зголемениот прилив на мигранти во државата донела одлука за прогласување на кризна состојба на јужната и северната граница. Ова денеска на прес-конференција го соопшти помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, додавајќи дека согласно законските прописи за обезбедување на јужната граница ќе биде ангажирана и […]

Страна 1 од 1