fbpx
Таг: кривичнипријави

таг: кривичнипријави

Кривични пријави против две лица, поради нелегално поседување оружје и муниција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, во два одделни случаи, поднела кривични пријави против 35-годишен штипјанец и против 57-годишен жител на Карбинци, кои се товарат за неовластено изработување, држење, посредување и за тргување со оружје и со распрскувачки материи, информира полицијата. Во едниот случај, полицијата, кон крајот на април годинава, извршила претрес на две локации во Радовиш, сопственост на штипјанецот...

МВР запленило 12 килограми марихуана во три одвоени случаи

Министерството за внатрешни работи (МВР) во три одделни случаи запленило вкупно 12 килограми марихуана и поднело кривични пријави против осум лица, кои се товарат за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што соопштуваат од МВР, заплените биле извршени во рамките на акцијата „Мрежа“, насочена кон сузбивање на трговијата со дрога. Според МВР,...

МВР разби криминална група која тргувала со дрога и шверцувала мигранти

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР), по повеќемесечна истрага уапсил 11 лица од Тетово и од Дебар, осомничени дека се припадници на организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со марихуан, хероин и со кокаин и во нелегален транспорт на мигранти. Како што соопшти МВР, петмина од осомничените биле уапсени вчера, а петмина во...

Судот ги прогласи за неважечки снимките и доказите од „бомбите“

Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое ги прогласи за неважечки доказите, односно аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протоѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски - затоа што биле незаконски прибавени. Судијата кој ја донел оваа одлука се повикува...

Струмичани преку „Фејсбук“ продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел четири кривични пријави против осуммина осомничени, од кои седум струмичани и еден скопјанец, кои се товарат дека продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми преку „Фејсбук“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, поднесени се пријави со кои осуммината осомничени се товарат за кривичните дела прикривање на стоки кои се предмет на...

Албански државјанин и жител на Радолишта осомничени за обид за убиство

Струшката полиција поднела кривична пријава против албанскиот државјанин Г.Б. (22) и Д.З. (39) од селото Радолишта, кои се осомничени дека на средината од декември минатата година со неколку истрели од огнено оружје се обиделе да го убијат А.С. (36) од селото Велешта. Според полицијата, осомничените на 16 декември, околу полноќ, со возило, марка „ровер“, што го управувал Д.З., пристигнале пред домот на...

Скопјанец и прилепчанец со лажни документи ваделе меѓународни возачки

Прилепската полиција поднела кривични пријави против Г.Ч. (40) и Ж.П. (36) кои, во два одделени случаи, се осомничени дека со лажни возачки дозволи пред две години успеале да извадат меѓународни возачки дозволи за повеќе категории. Во првиот случај, според полицијата, осомничниот Г.Ч. од Скопје, на почетокот на мај 2013 година, во автомото-друштвото Центар за возила „Прва“ во Прилеп, извадил меѓународна...

При полициска контрола во ноќен бар во Тетово, затекнати 10 странски државјанки

Инспектори на Регионалниот центар за гранични работи Север викендов извршиле контрола на ноќниот бар „Енерџи клуб“ на регионалиот пат Тетово - село Сарачино и затекнале 10 странски и три македонски државјанки, кои незаконски работеле во локалот, соопшти МВР. Од странските државјанки, на возраст од 20 до 30 години, девет биле од Србија и една од Албанија. При контролата, во објектот биле...

Украл броило и го монтирал во својата викендичка

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против А.А. (20), осомничен дека пред три години украл електрично броило од станбена зграда во Куманово, кое потоа го монтирал во својата викендичка. Во врска со случајот, пријава е поднесена и против И.И. (48) од селото Лојане, инаку, вработен во „ЕВН Македонија“, кој се товари за кривичните дела помагање, злоупотреба на службената положба...

Четворица битолчани осомничени за трговија со дрога

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривични пријави против четири лица на возраст од 24 до 43 години, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за овозможување употреба на наркотици. Според полицијата, осомничените во повеќе случаи набавувале и продавале дрога. Кај нив биле пронајдени 10 шишиња со вкупно 100 милилитри метадон, ампули...

Двајца охриѓани осомничени за овозможување употреба на дрога

Секторот за внатрешни работи Охрид, во два оддлени случаи, поднел пријави против две момчиња од градот, кои се товарат за кривичното дело овозможување употреба на наркотици, информираат од полциијата. Во првиот случај станува збор за А.К. (20), кој во октомври минатата година бил затекнат од полицијата како им овозможува упореба на марихуана на две лица од Охрид. Кај него биле...

Кривични пријави за три лица за криумчарење мигранти

Во текот на минатата недела, МВР расчисти три одвоени случаи на илегален транспорт на мигранти, при што до надлежното Основно јавно обвинителство се поднесени кривични пријави против три лица. Кривични пријави се поднесени против А.Р. (51) од Студеничани, Б.Ј. (27), државјанин на Република Труција, и Х.Ј. (40), државјанин на Република Албанија. Од судија на претходна постапка на А.Р. и на Б.Ј....

Тројца гостиварци фатени со хероин и со марихуана

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против С.С. (46), Ф.М. (30) и М.И. (22), кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за овозможување и употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци. Според полицијата, осомничениот С.С., кон средината на февруари, од непознато лице од Арачиново набавил 15 пакувања хероин, од кои...

Ѝ платил да имаат секс во хотел, а потоа ја ограбил

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривични пријави против четири лица, за два одделни случаи, кои се товарат за разбојништво и за разбојничка кражба. Според полициските информации, во едниот случај, О.Ф. (23) од Демир Хисар, договорил состанок со девојка во хотел во Битола и ѝ платил одредена сума за сексуални услуги. Но, во моментот кога таа сакала да си замине...

Обвинителството спроведува истражна постапка за случувањата во Куманово

Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против определен број лица, за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, информираат од Обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по примената кривична пријава...

Кривични пријави за 11 учесници на протестите

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека примило две кривични пријави од МВР, поднесени против вкупно единаесет лица. По првата кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против девет лица, за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. Осомничените делото го сториле во текот на протестите пред...

Кривични пријави против четворица учесници во вчерашните протести

Полицијата подготвила кривични пријави против четворица скопјани, на возраст од 26 до 40 години, во врска со вчерашните протести за Мартин Нешковски што се одржаа пред зградата на Владата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Четворицата се товарат дека сториле кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување службени дејства“, стои во соопштение на МВР. Станува збор за...

Кривични пријави за пет лица осомничени за трговија со марихуана

Охридската полиција поднела кривична пријава против двајца охриѓани, еден жител од Делогожда и две лица од струшкото село Велешта, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, полициските инспектори ги затекнале пријавените при купопродажба на марихуана, што била претходно договорена. Кај осомничените полицијата...

Кривични пријави: СДСМ спамира, Обвинителството само регистрира

„Јавното обвинителство може да ги распредели предметите на 27 јавни обвинители ако сака, но важно е што досега има направено по тие предмети“, вели за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во врска со соопштението од Обвинителството, објавено пред две недели, дека кривичните пријави што ги поднесе опозицијата за сомнежите за криминал што произлегуваат од прислушуваните разговори биле распределени за работа...

Полицијата осомничи деветмина за шверц на мигранти

Во изминатите неколку дена, полицијата во седум одвоени случаи открила деветмина македонски државјани, осомничени за шверц на илегални мигранти, соопшти МВР. Против сите деветмина биле поднесени кривични пријави за илегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка на седум од нив им одредил мерка притвор од осум, односно 30 дена. При реализацијата на случаите, полицијата затекнала вкупно 43 илегални мигранти, од...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...