fbpx

Скопјанец и прилепчанец со лажни документи ваделе меѓународни возачки

-

Прилепската полиција поднела кривични пријави против Г.Ч. (40) и Ж.П. (36) кои, во два одделени случаи, се осомничени дека со лажни возачки дозволи пред две години успеале да извадат меѓународни возачки дозволи за повеќе категории.

Во првиот случај, според полицијата, осомничниот Г.Ч. од Скопје, на почетокот на мај 2013 година, во автомото-друштвото Центар за возила „Прва“ во Прилеп, извадил меѓународна возачка дозвола за категориите Б, Ц, Д и ЦЕ, а за увид приложил возачка дозвола за која по извршените проверки било увидено дека не постои во евиденциите на МВР, односно тој имал положено само Б-категорија.

Неколку месеци подоцна, односно на 18 јули истата година, прилепчанецот Ж.П., во истото автомото-друштво како и скопјанецот, успеал да извади меѓународна возачка дозвола за категориите Б, Ц и ЦЕ. Прилепчанецот, според полицијата, на увид приложил возачка дозвола за која по извршените проверки полицијата констатирала дека се води на друго лице, а тој на негово име воопшто не поседувал возачка дозвола и немал положено возачки испит.

Според пријавите, Г.Ч. и Ж.П. се товарат за кривичните дела употреба на исправа со невистинита содржина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...