fbpx
Таг: конститутивна седница

таг: конститутивна седница

Билт дојде со црни прогнози, во Собранието нов обид за разврска на кризата

Продолжението на конститутивната седница на Собранието е закажано за денеска во 11 часот. Според партиските соопштенија, од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ  нема отстапување од рововските позиции на партиите. Ново е само што денеска во Скопје ненајавено е и поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, кој на својот твитер-профил, исто така, напиша: „Нема изгледи за крај на уставната криза во Скопје....

Ново продолжение на конститутивната седница утре, нема отстапување од рововските позиции

По пет дена пауза, конститутивната седница на Собранието треба да продолжи утре во 11 часот. Според редовните утрински соопштенија испратени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и пред продолжението на утрешната конститутивна седница, нема отстапување од рововските позиции на партиите. Во редовното утринско соопштение на СДСМ се вели дека „Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како да...

„Сценарио“ – клучен збор на денешното продолжение на конститутивната седница

Единаесеттото продолжение на конститутивната седница тече во знакот на процедуралните забелешки на пратениците и во надмудрувања наместо расправа за точките на дневен ред – избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања и избор на претседател на Собранието. Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека пратениците само сакаат да има легитимна дебата за, како што рече,...

Во Собранието натпревар кој е подобар правник, а кој поголем „криминалец“

И денешното, десетто продолжение на конститутивната седница на Собранието, мина во аргументирање и во контрааргументирање дали треба или не да се стави на дневен ред на седницата предлогот од 10 пратеници на СДСМ поднесен во четвртокот, наместо за актуелната трета точка, да се оди на четвртата точка - избор на претседател на парламентот. Претседавачот Трајко Вељаноски во 18 часот ја...

Полупразно Собрание расправаше дали може да се премине на избор на спикер

Во полупразната сала, во која ги нема парламентарците од албанските партии, има многу мал број пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а ги нема ниту Никола Груевски, ниту Али Ахмети, претпладнево со речиси едночасовно доцнење продолжи конститутивната седница на Собранието. Расправата продолжи онаму каде што застана во четвртокот минатата недела - со инсистирањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека е спротивно на деловникот на...

Ново продолжение на конститутивната седница на Собранието утре

За утре е закажано новото продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Ќе се продолжи со третата точка, избор на претседател и на членови на Комисијата за прашањата на изборите и на именувањата. Листата на пријавени говорници сè уште не е исцрпена, а наместо дискусија, до четвртокот седницата се водеше со реплики, контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и...

Седницата продолжува в понеделник, предлогот на СДСМ не се најде на дневен ред

Без суштинска расправа и со многу процедурални забелешки, заврши денешното деветто продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија за избор на претседател и на членови на Комисијата за избори и за именувања и за избор на претседател на Собранието. Претседавачот со седницата, поранешниот спикер на Собранието, Трајко Вељаноски, не го стави на гласање предлогот на СДСМ да се...

Димовски: СДСМ прави обид за грубо кршење на деловникот

„Видовме класичен обид за грубо кршење на деловникот и одземање на најсветото право на пратениците, а тоа е правото на говор, што е обид за кршење на волјата на повеќе од 200.000 граѓани кои секојдневно протестираат за нивните ставови да бидат искажани во Собранието“, рече пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција за време на паузата од Собранието. - Не сакам...

Мнозинството бара итно да се избере претседател на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ не дозволува

Целата собраниска расправа пред паузата за ручек помина во процедурални расправања и во надмудрувања помеѓу пратениците кој повеќе го знае деловникот, а кој го прекршува откако СДСМ побара со десет пратеници да се премине на четвртата точка на дневен ред, односно на изборот за претседател на Собранието. Џевад Адеми од ДУИ ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека „не се патриоти“...

Деветто продолжение на конститутивната седница на Собранието

Пратениците денеска во 11 часот по деветти пат ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието, која претседавачот Трајко Вељаноски ја прекина вчера во 18 часот иако пратениците од СДСМ бараа таа да продолжи цела ноќ. Тие на вчерашната седница го обвинија Вељаноски дека го прекршува деловникот и побараа да го напушти столчето на што тој одговори дека „не е Дедо Мраз...

Повеќето пратеници на СДСМ и на коалицијата ја напуштија „лакрдија-седницата“

Речиси сите пратеници на СДСМ и на коалицијата го напуштија осмото продолжение на конститутивната седница на Собранието затоа што, како што велат, таму се говори за сè освен за точките на дневен ред. На седницата останаа само неколкумина од 49-те пратеници од коалицијата на СДСМ, меѓу кои е и лидерот на партијата, Зоран Заев. Напуштањето на седницата го најави пратеникот од...

Собранието по осми пат ја продолжува конститутивната седница

Пратениците денеска со почеток во 11 часот по осми пат ќе расправаат на конститутивната седница на Собранието, на која на дневен ред е изборот на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања и изборот на претседател на Собранието. Изминатите седум продолженија на седницата поминаа во меѓусебни расправии и надмудрувања помеѓу пратениците за платформата на албанските партии,...

Конститутивната седница продолжува утре и покрај барањата на СДСМ да не се прекинува

Претседавачот со Конститутивната седница на Собранието, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски повторно ја прекина и закажа продолжение за утре и покрај барањето седницата да трае до целосно исцрпување на дебатата. Пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев на петнаесетина минути пред завршувањето на седницата, процедурално побара Вељаноски да не ја прекинува во 18 часот, туку во интерес на граѓаните и на државата...

Пратениците се надмудруваат кој колку тужби за клевета и навреда поднел

На седмото продолжение на Конститутивната седница, пред паузата за ручек, пратениците наместо за точката на дневен ред односно за изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања расправаа кој колку тужби за клевети и навреди поднел. Откако независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за месец март потрошил 184.000 денари...

Собранието по седми пат ја продолжува Конститутивната седница

Собранието денеска во 11 часот ќе го има седмото продолжение на конститутивната седница на која точки на дневен ред се изборот на членови и претседател на Комисијата за избори и менувања и изборот на претседател на Собранието. Пратениците вчера, како и целата измината седница, воопшто не расправа по овие две точки туку се надмудруваа и меѓусебно се обвинуваа. Вчера за прв...

Шесто продолжение на конститутивната седница на Собранието

Собранието на Република Mакедонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница, на која се расправа за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата. Пријавени за дискусија по првата точка, односно избор на претседател и на членови на комисијата, се 51 пратеник. Претходните пет расправи во текот на целата измината...

Вељаноски го прекина петтото продолжение, СДСМ повика на подобра Македонија без Груевски

Претседавачот на конститутивната седница на новиот собраниски состав, Трајко Вељаноски, во 17.05 часот го прекина петтото продолжение на оваа седница, кое мина во знакот на голем број процедурални забелешки, со многу малку кажано за членовите на Комисијата за прашања на изборите и за именувањата, и продолжението го закажа за понеделник во 11 часот. На прекинот претходеше расправија преку процедурални забелешки...

Петто продолжение на конститутивната седница на Собранието

Денеска во 11 часот, конститутивната седница на Собранието ќе продолжи по петти пат. На дневен ред, како и претходните четири дена, е изборот на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања и изборот на претседател на Собранието. Вчера седницата неколкупати беше прекинувана затоа што наместо расправа по точките од дневниот ред, пратениците меѓусебно си даваа процедурални забелешки. Претседавачот...

Пратениците се караа за платформата, Вељаноски броеше процедурални забелешки

Денешното, четврто продолжение на конститутивната седница на Собранието неколкупати беше прекинувано поради процедуралните забелешки што ги даваа пратениците, наместо да водат расправа за точките на дневен ред, односно да ги изберат членовите и претседателот на Комисијата за избори и за именувања, а потоа и претседател на Собранието. Претседавачот на Собранието, Трајко Вељаноски, за време на паузата за ручек ги повика претставниците...

Пратениците наместо за Комисијата за избори и за именувања, расправаат за студентите

Претседавачот на конститутивната седница на Собранието, Трајко Вељаноски, во неполни два часа откако почна седницата, двапати даде пауза, а претходно неколкупати ги замоли пратениците да се откажат од процедуралните забелешки и да се сконцентрираат на расправата. Пратеникот Ферид Мухиќ рече дека веќе станало мода да се дискутира на непримерен начин. - Тоа се пренесува врз граѓаните, постои трансфер на таа негативна енергија. Се...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...