fbpx

Конститутивната седница продолжува утре и покрај барањата на СДСМ да не се прекинува

-

Претседавачот со Конститутивната седница на Собранието, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски повторно ја прекина и закажа продолжение за утре и покрај барањето седницата да трае до целосно исцрпување на дебатата.

Пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев на петнаесетина минути пред завршувањето на седницата, процедурално побара Вељаноски да не ја прекинува во 18 часот, туку во интерес на граѓаните и на државата да ја продолжи дебатата за да се деблокира Собранието и институциите.

И денешното седмо продолжение на седницата, наместо да биде посветено на изборот на членови и претседател на Комисијата за избори и именувања, како и на избор на претседател на Собранието, помина во партиски препукувања за албанската платформа, патриотизмот и предавничкото однесување.

– ДПМНЕ се противат на тиранската платформа, но од уста не ја вадат. Барањето за коалицирање на победник со победник е еден од постулатите на бинационална држава – изјави пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

На ваквата изјава на Манчевски реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои бараа нивната партија да биде именувана со целосното име, во спротивно, како што рекоа, и тие ќе почнат да ја именуваат СДСМ на различни начини. По ова дебатата се прошири на улогата и делувањето на партиите и на нивните патриотски дејствувања.

Во меѓувреме, пратеникот Петре Шилегов побара Вељаноски да им го одзема зборот на сите пратеници кои ќе се јават за реплика, контрареплика или процедурално, а ќе излезат надвор од темите кои се на дневен ред. По ова, координаторот на пратеничката група, Илија Димовски го повика Вељаноски да дејствува балансирано и да не им го одзема зборот само на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што денеска беше случај со Драган Данев и Жаклина Пешевска. Двајцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се јавија процедурално, но се обидоа да зборуваат за времето кога СДСМ беше на власт.

Пратеничката на НСДП, Соња Мираковска порача дека никој нема право да одлучува дали некој е компетентен да биде член на Комисијата, затоа што граѓаните им го доделиле на пратениците суверенитетот да одлучуваме за нив.

На ова Вељаноски, кратко одговори дека никој нема право да одредува кој треба или не да биде пратеник, но дека за членовите на комисијата мора да се дебатира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...