fbpx
Таг: гласање

таг: гласање

Вељаноски закажа собраниска седница во 20.30 часот

Спикерот на Собранието, Трајко Велјаноски, закажа седница на собранието во 20.30 часот на која треба да се расправа за измените на Изборниот законик. Рокот за гласање на измените на Изборниот законик, според договорот кој партиите го постигнаа пред два дена, истекува денеска на полноќ. Пратениците се договорија на собраниската седница да биде ставен единствено предлогот за измените на Изборниот законик, а...

Почна гласањето за избор на генерален секретар на ОН

Петнаесет амбасадори при Советот за безбедност на ОН, денеска, првпат зад затворени врати, ќе гласаат за наследникот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Изборот меѓу 12 кандидати ќе трае долго, сè до октомври, и ќе биде сложен. Во трката за генерален секретар на ОН се шест мажи и шест жени, од кои осум се од Источна Европа. Покрај кандидатот...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не се грижи за интересот на Македонија

СДСМ гласаше против модернизацијата на одбраната на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Максим Димитриевски. Од владејачката партија велат дека на седницата на парламентот, на која биле нужни гласовите на опозицијата за да се изгласа ослободување од ДДВ и од цариина за набавка на опрема за Армијата, СДСМ одлучил интересот на Република Македонија да го стави на последно...

Тереза Меј и Андреа Лидсам, единствени кандидатки за премиер на Велика Британија

Велика Британија повторно ќе има жена премиер, првпат по Маргарет Тачер, откако во трката за нов лидер на Конзервативната партија останаа две жени, министерката за внатрешни работи, Тереза Меј, и министерката за енергетика, Андреа Лидсам, јавуваат британските медиуми. На денешното гласање, Меј добила 199, а Лидсам 84 гласови, додека од трката, со 46 освоени гласови, излегол министерот за правда, Мајкл...

Тензично пред СПУКМ, полицијата ги турка студентите од „Студентски пленум“

Припадници на Единицата за брзо распоредување и оклопни возила се распоредени пред седиштето на СПУКМ, каде што членовите на Студентскиот парламент ги заклучија кутиите од денешното гласање за избор на претседател на Студентскиот парламент. Специјалците ги туркаат студентите за да го ослободат просторот пред СПУКМ каде што членовите на „Студентски пленум“ веќе неколку часови чекаат да се изнесат кутиите во...

Студентите гласаат без паравани и без избирачки список

Без паравани, без избирачки список и во кутија обвиена со листови од страните се спроведува денешното гласање за избор за претседател на Студентски парламент на Правниот факултет. Членовите на изборната комисија на некои од студентите што гласаа, не им ставија печат ниту, пак, сакаа да кажат колкава е досегашната излезност на гласањето. https://twitter.com/meta_agency/status/748459169766907904 - За овие прашања ние сме ненадлежни, треба да...

СПУКМ: „Студентски пленум“ сака насилно да ги спречи изборите за нов студентски лидер

Денешните избори за нов лидер на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) се одвиваа на транспарентен и демократски начин, со сите правила и регулативи пропишани во статутот и во правилникот за спроведување избори на СПУКМ, се тврди во соопштението на СПУКМ. Оттаму велат дека изборите почнале во 9 часот на сите 23 факултети, точно навреме, а треба...

Граѓаните на Шпанија денеска избираат нов состав на парламентот

Околу 36 милиони граѓани на Шпанија денеска гласаат на нови парламентарни избори, откако на изборите одржани кон крајот на декември минатата година ниту една политичка партија не доби доволно мнозинство гласови за да формира влада. Конзервативната Народна партија, која беше на власт четири години, во декември освои најголем број од гласовите, односно 28,7 отсто или 123 пратеници, но тоа беше...

Сандерс: На изборите ќе гласам за Клинтон

Кандидатот за номинацијата на демократската партија за претседател на САД, Берни Сандерс, изјави дека на изборите во ноември ќе гласа за својата ривалка Хилари Клинтон. Сандерс утринава, гостувајќи на американската телевизија „Ем-ес-ен-би-си“, на прашање дали во ноември ќе гласа за Клинтон, одговори потврдно. Сенаторот од Вермонт, кој сè уште официјално не се откажа од трката за номинација, истакна дека неговата главна...

Велика Британија ја напушта Европската Унија

Граѓаните на Велика Британија на вчерашниот референдум изгласаа земјата да излезе од Европската Унија, покажуваат прелиминарните резултати. Нецелосните резултати од четири петини од избирачките места покажуваат дека 52 отсто од Британците гласале за излегување од ЕУ, наспроти 48 отсто за останување. Останува да се пребројат гласовите од уште неколку избирачки места, меѓутоа од досегашните резултати повеќе од извесно е...

Хамонд: По Брексит нема враќање назад

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе биде конечно и потоа нема враќање назад, предупреди денеска шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд. - Кога еднаш ќе донесеме таква одлука, нема враќање назад. Велика Британија никогаш повеќе нема да може да се врати во ЕУ, освен под услови кои се неприфатливи, како што е обврската за приклучување во еврозоната и...

Комисијата смета дека барањето за отповикување на Иванов е неосновано

Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов не е основан, оцени собраниската Комисија. Пратениците на СДСМ, ДУИ и на ДПА гласаа „за“, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во комисијата, беа против. Но, без оглед на тоа што мнозинството смета дека нема основаност за барање одговорност од претседателот, пратениците на пленарна седница на 13 јуни ќе мора да дебатираат...

Јилдрим: Германија е многу важен сојузник

Турскиот премиер Бинали Јилдрим изјави дека Турција и Германија се два многу важни сојузници, само еден ден по резолуцијата на Бундестагот за геноцидот над Ерменија. По острите изјави кои стигнаа од Анкара по гласањето во Берлин, Јилдрим ја спушти топката и порача дека одлуката на германскиот парламент да го означи убивањето Ерменци во Првата светска војна како геноцид што го справеле отоманските...

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за нови даночни поскапувања

Грчкиот парламент вечерва ќе гласа за новите закони од програмата за штедење кои ќе донесат нови даночни поскапувања. Пратениците ќе гласаат и за автоматскиот механизам за стопирање на финансиите во јавната администрација доколу Грција до 2018 не ги исполни договорените реформи и цели. Законите е извесно дека ќе поминат во парламентот со поддршка на пратениците од владејачката коалиција Сириза...

Инстант гласање во грчкиот парламент за ново зголемување даноци

Две недели по изгласување на пакетот мерки од 5,4 милијарди евра, грчката влада пред собранието викендов ќе донесе нов помал пакет мерки и закони што треба да бидат усвоени пред состанокот на еврогрупата на 24 мај. В сабота и в недела во собранието ќе се дискутира и ќе се гласа за мерки со кои ќе се зацементираат новите зголемени даночни стапки и ќе се...

ДИК бара одложување на изборите поради несразмерност на бројот на гласови во изборните единици

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) ќе побараат од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, измени во Изборниот законик. Измените се бараат поради тоа што имало несогласувања во бројот на гласачите во три изборни единици - тројката, четворката и шестката. ДИК заклучиле дека има отстапувања од најмалку пет проценти во бројот на гласачите во овие изборни единици. Имено, според Законот за избори,...

Зоран Караџовски избран за претседател на Судскиот совет

Судскиот совет денеска едногласно го избра Зоран Караџовски за нов претседател. За Караџовски гласаа сите 12 членови на советот. Тој денеска немаше противкандидат, за разлика од вчера, кога противкандидат му беше судијката Лидија Каначковиќ. Караџоски беше кандидат на предлог на судијата Влатко Самарџиски, додека Каначковиќ беше предлог на претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова. Заменик на Краџовски во Советот ќе му...

Изборот на претседател на Судскиот совет одложен за утре

Ниту еден од предложените кандидати за нов претседател на Судскиот совет не го доби потребното мнозинство од членовите на Советот на денешното гласање, поради што седницата за избор на претседател е одложена за утре во 10.30 часот. Како што пренесува „Академик“, двајцата предложени кандидати, Зоран Караџоски и Лидија Каначковиќ, добиле идентичен број гласови, по шест, а едно ливче било неважечко. Караџоски...

Анкета на Институт „Димитрија Чуповски“: Груевски со поддршка од 39,5 отсто, Заев со 7,3 отсто

За ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 39,2 отсто од граѓаните, за СДСМ 14,9 отсто, а неопределени се 29,5 отсто, покажува новата анкета направена од Институтот „Димитрија Чуповски“ спроведена телефонски во периодот од 30 март и 2 април. На прашањето на кој од македонските политичари му верувате најмногу, 39,5 отсто од анкетираните се одлучиле за Никола Груевски, за лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Зоран Ѓорѓевиќ е нов министер за одбрана на Србија

Зоран Ѓорѓевиќ е новиот министер за одбрана на Србија. Тој доаѓа од местото државен секретар во истото министерство. Ѓорѓевиќ го поддржаа 165 пратеници додека против беа осуммина. По гласањето, Ѓорѓевиќ положи заклетва пред парламентот. На таа функција е избран по предлог на премиерот Александар Вучиќ наместо Бранислав Гашиќ, кого парламентот го разреши во февруари годинава, поради сексистички коментари кон новинарка.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...