fbpx
Таг: гласање

таг: гласање

Комитетот за надворешни работи на ЕП ја изгласа Резолуцијата за Македонија

Со 42 гласа „за“ и девет „против“, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) вечерва во Брисел ја усвои Резолуцијата за Македонија. На предлог на известувачот Иво Вајгл, Резолуцијата содржи условена препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Условената препорака зависи од завршувањето на политичката криза со успешно организирани избори на 5 јуни. Оваа Резолуција...

Утре прво гласање во САД, Трамп и Клинтон – фаворити

Потенцијалните кандидати за претседател на САД, по цела година расправа и кампања, утре пред избирачите ќе излезат во Ајова, каде ќе бидат одржани првите партиски избори. Милијардерот Доналд Трамп, кој од летово убедливо води во трката за републиканската претседателска номинација, и понатаму е фаворит на национално ниво, но во Ајова таа предност е многу мала. Слична е ситуацијата и кај демократите....

Собранието одлучи да се распушти на 24 февруари, вечерва ќе ја гласа новата влада

Седумдесет и два пратеника се изјаснија позитивно по предлог-одлуката за распуштање на Собранието. Против одлуката гласаше еден пратеник, а шестмина беа воздржани. Во салата беа присутни 109 пратеници. Оваа одлука ќе почне да се применува од 24 февруари. Со оваа одлука, предложена од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, се подготвува теренот за изборите, кои треба да се одржат на 24 април. Опозицијата не беше присутна...

Собранието ги изгласа членовите на Комисијата за заштита од дискриминација

Собранието на Република Македонија со 62 гласа „за“ и со еден глас „против“, во рамки на 85. седница, ги избра Тони Науновски, Александар Даштевски, Александар Спасеновски, Нена Неновска-Георгиевска, Јован Ананиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Опозицискиот СДСМ номинирањето на Науновски и на Даштевски го оцени како скандалозно, катастрофално, мизерно и дискриминаторско. - Дали...

Пратениците не изгласаа интерпелација на министерот Тодоров

Со 29 гласа „за“ и со 56 гласа „против“, пратениците во Собранието на Република Македонија ја отфрлија интерпелацијата на министерот за здравство, Никола Тодоров, која беше поднесена од пратеничката група на СДСМ. Претходно, за време на расправата, пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаскa, обвини дека Тодоров е виновен за смртта на Тамара, смртта на родилката од Гевгелија, за нефункционирањето на „Мој термин“ и...

Во Словенија референдум за хомосексуалните бракови

Во Словенија се гласа на референдум за промена на Законот за брачни и семејни односи, кој предвидува изедначување на хетеросексуалниот и на истополовиот брак. На 3.113 гласачки места, ќе гласаат 1,7 милиони граѓани. Официјалните резултати од референдумот ќе бидат објавени на 16 февруари, а првите неофицијални - вечерва во 21 часот. Иако гласачките места биле отворени во 7 часот, во првиот час...

Советот на општина Центар го изгласа буџетот за 2016 година

Советот на општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2016 година, кој ќе изнесува 1.501.674.000 денари односно 25,5 милиони евра. „Буџетот е креиран транспарентно, во соработка со граѓаните. Одржани беа форуми за буџетот, во соработка со Центарот на заедницата, на кои жителите на Центар укажуваа на што треба да се трошат парите“, велат од Општина Центар. Од буџетот, меѓу другото, за...

На изборите во Саудиска Арабија првпат гласаат и жените

Во Саудиска Арабија денеска се одржуваат први избори, на кои право да се кандидираат и да гласаат имаат и жените. На гласачките места, мажите и жените, сепак, гласаат одвоено. За гласање на денешните избори, повеќе од 900 жени се кандидираа за позиции во градските совети. Саудиска Арабија е исламска монархија и беше последната земја во светот каде што само мажите имаа право на...

Кабинетот на Меркел ја одобри одлуката за интервенции против ИД во Сирија

Кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, го одборил планот за вклучување на земјата во борбата против Исламска држава во Сирија, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, гласањето по одлуката во германскиот парламент е закажана за утре, среда. По истото прашање, утре, според медиумите, треба да се изјаснат и членовите на британскиот парламент. Вклучувањето на Велика Британија во војната против ИД, за...

Собранието го изгласа буџетот за 2016 година

Со 66 гласа „за“ и со 28 гласа „против“, пратениците во Собранието, пред полноќ, го изгласаа буџетот за 2016 година. Станува збор за досега најголем буџет, кој тежи 3,2 милијарди евра. Опозицијата гласаше против, бидејќи, како што пратениците повеќепати истакнаа за време на петдневната дискусија, овој буџет е расипнички, недомаќински, нереален, неразвоен, нетранспарентен. Буџет, кој, според нив, ќе ги зголеми сиромаштијата, задолжувањето...

Собранието ги изгласа законите од Пржино

Пратениците  во Собранието на пленарна седница ги изгласаа законите кои политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино ги договорија во петокот. Пратениците по скратена постапка гласаа за измени и дополнувања во Изборниот законик, за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка, за законот за заштита на приватноста, за законот за заштита на укажувачите и за законот за влада. Најголемите дебати се...

Законите од Пржино ги поминаа собраниските комисии

Завршија комисиските расправи за пакетот закони за кои политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во петокот постигнаа договор. Најдолга расправа имаше за измените на Кривичниот закон и за законот за приватност. Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, рече дека законот за приватност не е доволно добар, но за да не го кочат процесот, тие нема да...

Словенечкиот парламент денеска одлучува за распоредување војска на границите

Словенечкиот парламент денеска треба да гласа за законските измени за распоредување сили на армијата на границите заради справување со бегалскиот бран, јавува „Би-Би-Си“. Се очекува парламентот денеска попладне да ги одобри измените за ангажирање на армијата, за што е потребно дво-третинско мнозинство. Измените ќе бидат на сила три месеци. Како што пренесува словенечката државна телевизија, владејачката коалиција најавила дека ќе ги...

СДСМ: Нека дојде Груевски да ги води преговорите за изборната регулатива

Речиси целиот вчерашен ден преговарачите во работните групи го поминале на паузи и во билатерални средби со меѓународните преставници, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. Тие велат дека на почетокот на средбата, меѓународните преставници дале предлог-закон во кој биле содржани претходни преговарачки предлози и препораки од ОБСЕ-ОДИХР со кои сите партии биле запознаени. Од СДСМ не се големи оптимисти дека и денеска ќе се...

Манчевски: Дијаспората ќе гласа, нивното право на глас е загрозено само од Груевски

„Никола Груевски, колку и да сака да прикаже дека СДСМ е против гласањето на нашите луѓе од дијаспората, тоа едноставно не е точно. Најголем контраргумент е тоа дека дијаспората ќе гласа“, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. - Правото на глас на нашите сонародници единствено беше загрозено од Никола Груевски, кој сака на евтин начин, со само неколку стотини гласа,...

Денеска нова средба на работните групи за изборната регулатива

По три дена пауза, денеска во 13.30 часот повторно е закажана средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, дознава „Мета“. Oлеснувачот Питер ван Хојте на средбата треба да достави нацрт-предлог на изборниот закон, кој ќе го презентира пред претставниците на политчките партии. „Мета“ дознава дека договорен е само изборот и начинот на одлучување на државната изборна комисија,...

Романскиот парлaмент расправа за доверба на премиерот Понта

Во романскиот парламент денеска почна расправа за гласање доверба на премиерот Виктор Понта, кому му се суди за затајување данок, перење пари, судир на интереси и за давање лажни изјави додека работел како адвокат во 2007 и во 2008 година. Понта ги отфрли сите обвиненија. Неколку илјади лица се добраа во паркот пред парламентот во Букурешт, извикувајќи „Долу влада“ и „Срам...

За возење над 50 километри на час, казни од 10 до 400 евра

Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој е предвидена задолжителна употреба на вклучени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до целосно разденување, како и дење во случај на намалена видливост. За мотоциклите светлата ќе бидат задолжителни дење и ноќе, а за велосипедистите задолжително е соодветно светлосно обележување. Казните за возачите...

Грција гласа: Први избори со неизвесност за победникот

По само осум месеци од изборот на владата на СИРИЗА, грчкиот народ денеска повторно излегува да гласа на парламентарни избори. Повеќе од 9,8 милиони Грци што имаат право на глас, денеска ќе треба да се определат која партија и политичка опција да одлучува за нивната иднина и за спроведувањето на новиот договорен пакет мерки. Што ќе биде изборот на народот останува загатка...

Ван Хојте: Многу сме блиску до договор

Денеска разговаравме за изборните закони и морам да кажам дека има сериозен напредок, изјави белгискиот експерт Питер ван Хојте, по завршувањето на средбата на работните групи на која се разговараше за Изборниот законик. Како што вели тој, разговорите изминативе неколку дена биле многу продуктивни и конструктивни како и преговарачите кои давале огромен напор за да се постигне резултат. Ван Хојте...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...