fbpx

Утре прво гласање во САД, Трамп и Клинтон – фаворити

-

Потенцијалните кандидати за претседател на САД, по цела година расправа и кампања, утре пред избирачите ќе излезат во Ајова, каде ќе бидат одржани првите партиски избори.

Милијардерот Доналд Трамп, кој од летово убедливо води во трката за републиканската претседателска номинација, и понатаму е фаворит на национално ниво, но во Ајова таа предност е многу мала.

Слична е ситуацијата и кај демократите. Поранешната сенаторка, државна секретарка и прва дама, Хилари Клинтон, засега има убедлива предност на национално ниво, но во Ајова има едвај неколку проценти пред левичарот Берни Сандерс.

Според анкетите, Трамп на ниво на САД има поддршка од околу 35 отсто, по него следи сентарот Тед Круз со 19,6 отсто. На трето место е Марко Рубио со 10 отсто. На петто место со пет отсто е Џеб Буш, син, односно брат на двајцата поранешни американски претседатели.

Во Ајова, Трамп има 31,4 отсто поддршка, Круз 24,8, а Рубио 14,4.

Кај демократите, Клинтон на национално ниво има 51,2 отсто поддршка, а Сандерс 37,2 отсто. Во Ајова таа разлика е драстично помала, па Клинтон има 47,4 отсто поддршка, а Сандерс 44,3 отсто.

На последните пет избори, пет демократски кандидати кои победиле во Ајова, подоцна ја добиле номинацијата.

Партиските гласања завршуваат на 14 јуни во Вашингтон, но дотогаш најверојатно ќе се знае кој кандидат ќе ја добие номинацијата. Официјално, номинациите ќе бидат прогласени на националните конвенции на двете партии на крајот на јули.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...