fbpx
Таг: ЕСМ

таг: ЕСМ

Поради ладното време, од утре повторно парно во Скопје

Грејната сезона во Скопје од утре ќе продолжи поради временските услови, соопшти ЕСМ. Од таму информираа дека се создадени услови за продолжување на грејната сезона, односно предвидена е средна дневна температура од 11 Целзиусови степени во текот на утрешниот ден. Снабдувањето со топлинска енергија по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април...

ЕСМ: Ако надвор е поладно, радијаторите дома ќе ви бидат потопли

Испораката на толинска енергија преку системот за централно греење со кој управува ЕСМ Снабдување со топлина, се одвива во согласност со одредбите од мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Ова е наведено во соопштението од ЕСМ, од каде што...

Парното греење од утре поскапува за 4,51 отсто

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од трите компании од ЕСМ од 1 ноември ќе се зголеми за 4,51 отсто. ЕСМ, односно неговите три компании, побарале зголемување од над 50 отсто, соопшти РКЕ. Според...

ЕСМ: Започна грејната сезона

Денеска започна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на град Скопје со кој управува ЕСМ. Од ЕСМ соопштија дека топланите стартувале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запрело во 10:00 часот. „Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ По направениот дневен прекин на испорака...

Исклучените корисници од парно мрежата, можат бесплатно пак да се вклучат до крајот на август

Понудата за бесплатно приклучување на централниот систем за топлинска енергија важи до 31 август, потсетуваат од АД „Електрани на Северна Македонија“. Оттаму информираат дека услугата ќе биде достапна за претходно исклучени потрошувачи каде што има техничка можност за приклучување. Од ЕСМ посочуваат дека откако тие ја презеле лиценцата за снабдување со топлинска енергија во Скопје, кон мрежата се приклучиле 1.640...

Бектеши: Од јули очекуваме да се намали цената на струјата

Од први јули не се очекува зголемување на цената на струјата, туку се очекува дополнително намалување, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг на новинарите заедно со директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски. Очекувањата дека ќе нема зголемување на цената на електричната енергија, според Бектеши, се базирани на анализите на Регулаторната комисија за енергетика и...

Вработените во РЕК Битола го санираа дефектот, блок 1 ставен во функција

Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција, информираа во Електрани на Северна Македонија. Оттаму појаснуваат дека постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем. „Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен“, велат...

ЕСМ: Исклучен од мрежа блок 1 на РЕК Битола заради скинати цевки во котелот

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција, соопштија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Оттаму информираат дека на блок 1 пред една недела биле извршени...

ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со струја

ЕСМ Продажба од 1 јануари годинава го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија, според одлуката на Владата за антикризни мерки. Субвенционираното снабдување со струја за фирми од прехранбената индустрија и за училишта и други институции, почна минатиотн месецо. Како што соопштија од ЕСМ, за снабдување со струја по пониска цена од 1 јануари годинава се вклучени дополнителни...

Бектеши: Снабдувањето со природен гас ќе продолжи, не може 30 години да има само еден снабдувач

На јавниот повик на ЕСМ за снабдување со природен гас досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, порача економија Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција на која се презентираше новиот буџет на министерството за економија. Постапката за избор...

ЕСМ: Парно греење ќе има, гас набавен за цел декември од Макпетрол и ТЕ-ТО

АД ЕСМ се огласи со соопштение за граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. За цел декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, како и потребното дополнително количество од ТЕ-ТО. АД ЕСМ вели оти продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради...

За поевтина „државна“ струја досега пријавени 518 производители на храна, училишта и водостопанства

Досега 518 училишта, производители на храна и водостопанства се пријавиле за снабдување со електрична енергија со пониски цени преку „ЕСМ Продажба“, беше објавено на денешната владина прес-конференција. Се пријавиле 233 основни и средни јавни училишта во државата, а од 70 јавни претпријатија од областа на водостопанство се пријавиле 50. Од категоријата на физички и правни лица регистрирани во прехранбениот сектор...

Блок 1 на РЕК Битола вратен на мрежа, санацијата завршена 24 часа порано

Блок 1 во РЕК Битола од утрово во 8.35ч е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена, соопшти АД ЕСМ. Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведени 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство. „Стручните...

Лизгање на теренот го оштети доводниот канал на ХЕЦ Врбен

На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот, соопштија од АД Електрани на Северна Македнија (ЕСМ). „Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање...

Ковачевски: Заврши времето на изобилство, сега мора да се штеди струја

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање истакна дека Владата има план за справување со енергетската криза и веќе ги има ставено во функција сите свои капацитети, посочувајќи дека зимата која нѝ претстои ќе биде многу тешка, за што е потребно одговорно однесување и трошење на електричната енергија од сите субјекти. Тој кажа дека ова е време на...

Владата одобри 18 милиони евра за непречено греење на Скопје

Владата вчера соопшти дека одобрила 18 милиони евра, односно 1,1 милијарда денари на АД „Електрани на Северна Македонија“ за набавка на енергенси пред почетокот на грејната сезона во Скопје. Во соопштението не е прецизирано за кои енергенси станува збор, само се вели дека со овие средства ќе се осигура дека скопјани ќе имаат топли радијатори за време на грејната...

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите производствени капацитети. „Веќе се работи на оспособување на блок три во РЕК Битола, потоа во функција е ставен ТЕЦ Осломеј, кој долги години не работеше, и ставен е во функција ТЕЦ Неготино.  Поточно, утрово е ставен првиот...

БЕГ: Немаме обврска да продолжиме со производство на топлинска енергија

„Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) – Производство смета дека нема ниту правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона. Тие, исто така, сметаат дека немаат доволно финансии да набават гориво за производство на топлинска енергија. Ова го соопшти денеска компанијата откако викендов вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека...

Бислимовски: Се шират шпекулации дека има нова давачка во сметките за струја

Се појавуваат шпекулации за воведување на нова давачка за пренос и дистрибуција, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. Тој истакна дека од кога се наплаќа електрична енергија во Македонија се плаќало за производство на електрична енергија или за набавка доколку имало потреба од увоз, но и за пренос на електрична енергија...

ЕБОР и ЕУ ја поддржуваат зелената транзиција кон соларна енергија во Северна Македонија со кредит од 25 милиони евра

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со образложение дека македонските капацитети за декарбонизација прават голем исчекор, одобри кредит од 25 милиони евра на ЕСМ, компанијата за производство на електрична енергија во државна сопственост, за изградба на капацитети за производство на струја со фотонапонски панели со моќност од 30 мегавати. Како што појаснија од ЕБОР, овој проект се состои од...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...