fbpx

За поевтина „државна“ струја досега пријавени 518 производители на храна, училишта и водостопанства

-

Досега 518 училишта, производители на храна и водостопанства се пријавиле за снабдување со електрична енергија со пониски цени преку „ЕСМ Продажба“, беше објавено на денешната владина прес-конференција.

Се пријавиле 233 основни и средни јавни училишта во државата, а од 70 јавни претпријатија од областа на водостопанство се пријавиле 50. Од категоријата на физички и правни лица регистрирани во прехранбениот сектор се пријавиле 235 субјекти.

На прес-конференцијата премиерот Ковачевски потсети на ветувањето на Владата дека никој нема да биде оставен сам да се справува со последиците од кризата оваа зима.

„На седница на Влада пред неколку недели, беа донесени неколку важни одлуки со кои се обезбеди евтина струја за неколку категории корисници за непречено функционирање на виталните институции и во услови на ваква голема енергетска криза. Крајното влијание од оваа мерка ќе е стабилизирање и намалување на цените на финалните производи со кое веќе и се намалуваат во дел од индустриите“, порача Ковачевски.

Министерството за економија уште од почетокот на енергетската криза е во редовна комуникација со бизнис секторот и особено со делот од прехранбената индустрија, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

„Кај некои производители увозната компонента на храната има повисоко учество при формирање на цената, кај други пак е електричната енергија. Кај оние кај што е битна електричната енергија, побрзо може да се очекува корекција, односно намалување на цените. Од 1 декември треба да ги видиме првичните резултати на пазарот на коригирани цени на основните прехранбени производи, а во следните четири месеци додека трае кризната состојба, очекувам врз основа на постојани пресметки на трошоците од увозните цени на храна и субвенционирани цени на електричната енергија, како и берзанските цени кои веќе се во мирување, да продолжи намалувањето на цените на реална основа“, изјави министерот Бектеши.

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски информираше дека преку „ЕСМ Продажба“ по само неколку дена од добивањето на одлуката и задолжението од Владата за снабдување на одредени категории на потрошувачи, компанијата го подготвила и спровела целиот процес.

„Списокот е пратен до „ЕВН Дистрибуција“ за и од нивна страна да се спроведат неопходните процедури, се со цел од 1 декември да почнат да добиваат електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час за училиштата и за водостопанствата и 80 евра за мегават час за стопанските субјекти од прехранбената индустрија по шифра опфатена во владината одлука“, изјави директорот на ЕСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...