fbpx

Ковачевски: Заврши времето на изобилство, сега мора да се штеди струја

-

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање истакна дека Владата има план за справување со енергетската криза и веќе ги има ставено во функција сите свои капацитети, посочувајќи дека зимата која нѝ претстои ќе биде многу тешка, за што е потребно одговорно однесување и трошење на електричната енергија од сите субјекти. Тој кажа дека ова е време на штедење и дека завршило времето на изобилство со електрична енергија во Европа, а истакна и дека не може личните интереси на некого да бидат над државните интереси на граѓаните.

„Со планот се опфатени, ставање во функција на сите производствени капацитети на државата. Обезбедување на енергенси за нивно непречено функционирање, како и  непречена отвореност во текот на целиот период пред нас на прекуграничните капацитети заради снабдување на електрична енергија од странство која недостасува во нашиот систем“, реле тој.

Ковачевски истакна дека веќе се работи на оспособување на блок 3 во РЕК Битола.

„Вчера го замолив менаџментот на РЕК Битола да ги повика медиумите за да можат да се уверат со каква технологија работи РЕК Битола бидејќи во голем дел е експониран во јавноста, да можат преку медиумите и граѓаните да видат дека се работи за технологија 50 години стара направена во време на Југославија. Изразувам голема благодарност до сите вработени до сите технички лица и инженери кои работат и во РЕК Битола и во Осломеј и во ТЕЦ Неготино кои навистина со надчовечки напори и голема посветеност успеваат во тие капацитети да произведат електрична енергија. Јас се надевам дека ќе ја прифатат мојата молба за да можат медиумите, граѓаните да се уверат за тоа каква технологија се работи која е 50 години стара“, рече премиерот.

Информираше дека во функција е ставен првиот котел во ТЕЦ Неготино и дека тој веќе произведува електрична енергија со моќност од 80 мегавати на час енергија. Кажа и дека се работи на пуштање на вториот котел. Премиерот го повика претседателот на Комисијата за финансирање и буџет да ја свика Комисијата за да го одобри заемот од ЕБРД со кој треба да се обезбеди ликвидност на ЕСМ.

„Неодобрувањето на овој заем значи дека нема да има ликвидност во ЕСМ, ако некој има цел да нема ликвидност во ЕСМ за да не може да се обезбеди струја во државата, и со тоа да се предизвика некаква друга последица, а не редовно снабдување со електрична енергија, треба да каже. Со оглед на тоа дека сметам дека сите овде работиме за доброто на граѓаните, како што кажав и вчера јас замолувам и укажувам овие важни закони што поскоро во најбрз рок да се донесат“, рече Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...