fbpx

Лизгање на теренот го оштети доводниот канал на ХЕЦ Врбен

-

На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот, соопштија од АД Електрани на Северна Македнија (ЕСМ).

„Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен“ маведено е во соопштението на ЕСМ.

ХЕЦ Врбен е дел од хидросистемот „Маврово“ заедно со ХЕЦ Вруток и ХЕЦ Равен. „Врбен“ е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот и заедно со ХЕЦ Равен, претставува проточна хидроелектрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...