fbpx
Таг: документ

таг: документ

МОФ утре ќе го презентира документот „Дигитализација во високото образование“

Младинскиот образовен форум (МОФ) утре со почеток во 12 часот ќе одржи тркалезна маса на тема „Дигитализација во високото образование – можности и предизвици“. На настанот ќе се презентира документот за јавни политики, како и дигиталната алатка на победничкиот тим на хакатонот што се одржа во рамките на проектот. Покрај презентацијата на документот и дигиталната алатка, ќе се одржи и...

Владата ја усвои „Агенда: Европа дома“ за вградување европски стандарди во домашното законодавство

Агенда Европа дома, фото: Влада
Документот „Агенда: Европа дома“, кој беше усвоен на денешната владина седница, е подготвен врз основа на обврските на заедничките тела меѓу РСМ и ЕУ кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на ЕК. Низ реализацијата на овие европски реформи РСМ треба да ги исполни и препораките од Советот на Европа, Венецијанската комисија, ГРЕКО, извештаите и препораките...

Земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија ќе изработат документ за взаемен протокол за границите

Министерот за здравство Венко Филипче присуствувал на видео-конференција на тема „Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија“. На конференцијата учествувале министрите за здравство на Албанија Огерта Манастарлиу, на Грција Василеиос Кикилиас, на Република Српска Ален Шераниќ и на Косово Арменд Земај, како и заменик-министерот за здравство на Босна и Херцеговина Горан Черкез, Данијела Урошевиќ асистент на министер за...

Постои шанса САД да се вратат на договорот за климатските промени, вели Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп би бил подготвен да го потпише Парискиот договор за климатските промени, но само доколку во документот бидат внесени значајни измени, јавуваат светските агенции. Во интервју, кое во целост ќе се емитува на британската телевизија „Ај-ти-ви“, Трамп рекол дека „ако биде постигнат добар договор, секогаш постои шанса САД се вратат“. Трамп ги повторил претходно изнесените тврдења...

Доза ксенофобија и најави за референдуми од општините за стратегијата за бегалци

Вкупно шест општини во земјава доставиле мислења до Минитерството за труд и социјална политика и до Владата во врска со нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 и за предложениот акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. Од МТСП за „Мета“ оценуваат дека делови од образложенијата на повеќето од општините се „на линија на ксенофобија“. Според дописот што...

ВМРО-ДПМНЕ предложи „патоказ“ за надпартиски договор за решавање на кризата

Да се постигне надпартиски договор за секое идно решавање на внатрешните разлики само во рамките на институциите, без мешање на странски фактори, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ. Образложувајќи го предлогот, Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на партијата и пратеник, побара внатрешно обединување и одлучно отфрлање на сите обиди за ревизија на Охридскиот рамковен договор. Прес-конференцијата на Милошоски доаѓа десетина дена откако...

СДСМ: Документ веќе има, Груевски може да се подготви единствено за опозиција

Никола Груевски може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата, ефектите од неговите документи граѓаните ги почувствуваа, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за „Канал 5“. - Сега, пред целата домашна и меѓународна јавност има конкретен документ зад кој стојат околу 700.000 граѓани на Македонија. Тоа е програмата на новата...

Груевски најави политички документ – „платформа за зачувување на Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ подготвува политички документ со кој ќе понуди начин за излез од кризата, најави лидерот на партијата, Никола Груевски, во вечерашното интервју за „Канал 5“. Груевски изјави дека очекува следените денови документот да биде финализиран и да им биде понуден на сите поголеми политички партии како решение за излез од политичката криза. - Ние подготвуваме документ за зачувување на Македонија, тоа...

Заев: Од ДУИ добивме документ со решенија за Законот за јазици, работна група го разгледува

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот. - За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот и...

Шилегов: Очекуваме ДУИ да ни ги даде потписите за формирање влада

Документот доставен до ДУИ е доволно добар за да ги обезбеди потписите за добивање на мандат за состав на Владата, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Сега за сега, немаме одговор. Помеѓу нас и ДУИ постои техничка комуникација, неформална комуникација, помеѓу претседателите на партиите. Тоа се телефонски јавувања, слушања, што е секојдневие во нашата работа. Очекуваме дека предлог-документот којшто...

СДСМ испратил документ со предлози до ДУИ

Документ со предлози за владина коалиција, што Али Ахмети  минатата неделаго побара од Зоран Заев, денеска од Бихаќка стигнал во Мала Речица, потврдиле партиски извори и од СДСМ и од ДУИ за „Телевизија 24“ Од ДУИ не сакаат да прецизираат што сè има во пакетот освен предлог закон за албанскиот јазик. Од СДСМ, пак, само кусо велат дека документот е...

Адвокатите на Заев го добиле решението од судот за запирање на постапката за „Пуч“

Адвокатскиот тим на Зоран Заев го добил решението од Кривичниот суд за формално запирање на постапката за случајот „Пуч“, откако Специјалното јавно обвинителство донесе одлука за откажување од обвинението. Ова денеска го потврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека очекува наредните денови и тој да го добие решението од судот. И од Специјалното јавно обвинителство денеска за „Мета“ потврдија...

Заклучоците од Тирана не се црвени линии, туку начела за разговори за влада, вели Ахмети

Документот што ќе произлезе од вчерашната средба во Тирана на албанските партии од Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, со албанскиот премиер Еди Рама, ќе содржи заклучоци кои ѝ се познати на македонската јавност, како што се јазична рамноправност, судски реформи и други реформи значајни за Албанците во Македонија, соопшти денеска пред почетокот на конститутивната седница на Собранието, лидерот на ДУИ,...

Собранието на Србија го донесе буџетот за 2017 година

Пратениците на Собранието на Србија денеска го изгласаа буџетот за 2017 година, со кој се предвидува дефицит од 1,7 проценти од домашниот бруто-производ за кој владата тврди дека е најнизок во современата историја на Србија, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Буџетот е проектиран така што домашниот бруто-производ ќе биде три проценти, а инфлацијата ќе изнесува 2,4 проценти. Со предложениот буџет,...

Политички партии ги поддржаа барањата на граѓанскиот сектор за подобро општество

Неколку граѓански организации во рамки на проектот „Градење на социјална кохезија од темел нагоре: Денот потоа“ на Фондацијата „Фридрих Еберт“ изработија документ со конкретни барања за унапредување на состојбите во општеството. Барањата на граѓанските организации ги поддржаа неколку политички партии. На документот се потпишаа Радмила Шекеринска од СДСМ, Лилјана Поповска од ДОМ, Павле Трајанов од ДС, Стојанче Ангелов од Достоинство...

Граѓански организации презентираа пакет реформи за излез од кризата

Десетина граѓански организации и експерти денеска го презентираат „Предлогот за итни демократски реформи“, документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени што треба да се спроведат во земјата. Главната цел на документот е да предложи мерки за спроведување итни реформи, кои ќе создадат услови за слободни, фер и веродостојни избори. Иницијаторите велат дека документот ги покрива итните демократски реформи...

САД и Кина потврдија дека ќе го потпишат договорот за климатските промени од Париз

Соединетите Американски Држави (САД) и Кина издадоа заедничка изјава со која двете земји потврдуваат дека следниот месец ќе го потпишат договорот за климатските примени постигнат на конференцијата во Париз во декември, минатата година. Како што пренесува „Би-би-си“, двете земји се обврзале да преземат мерки, неопходни за приклучување кон договорот што е можно поскоро. Истовремено САД и Кина ги охрабриле...

Документ потврдува дека малата Тамара ја чувале за промоција на спиналниот центар

Документ до кој дојде порталот „Либертас“ открива дека Фондот за здравствено осигурување на Македонија на 8 октомври 2014 година испратил допис со кој препорачува пациентите што боледуваат од сколиоза, кифоза или кифосколиоза да не бидат упатувани на лекување во странство бидејќи „се работи за заболувања при кои не постои итност за оперативно лекување“. „Во крајна фаза на подготовка пред почнување со...

Спасовски ќе ја промовира „Стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020“

Денеска во 11 часот, во ЕУ-инфоцентарот ќе се одржи промоција на „Стратегијата за развој на полицијата 2016 - 2020“, која, како што информираат од МВР, е еден од клучните документи од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капицитетите на полицијата“, финансиран од Европската унија. На презентацијата, свои обраќања ќе имаат раководителот на одделот за политички прашања, правда и внатрешни...

Шилегов: Нова потврда дека Груевски стои зад ревизијата на Охридскиот договор

„Еве, нова потврда дека Никола Груевски стои зад ревизија на Охридскиот рамковен договор. Ова е документ од Владата, анализа на Рамковниот договор“, обвини Петре Шилегов на прес-конференција пред Владата. - Според овој документ, генералниот секретар на Владата побара тоа да биде тема на работните групи на политичките партии. Која е целта на Груевски со овие документи за Рамковниот договор? Што...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...