fbpx

ВМРО-ДПМНЕ предложи „патоказ“ за надпартиски договор за решавање на кризата

-

Да се постигне надпартиски договор за секое идно решавање на внатрешните разлики само во рамките на институциите, без мешање на странски фактори, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ. Образложувајќи го предлогот, Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на партијата и пратеник, побара внатрешно обединување и одлучно отфрлање на сите обиди за ревизија на Охридскиот рамковен договор.

Прес-конференцијата на Милошоски доаѓа десетина дена откако партискиот лидер, Никола Груевски, најави дека наскоро ќе биде подготвен политички документ за излезе од кризата, кој ќе им биде понуден на сите политички партии. Иако Милошоски зборуваше за „патоказ“, а не за политички документ, сепак неговата содржина соодветствува на документот што го најави Груевски, во интервјуот за „Канал 5“.

Милошоски на прес-конференцијата посочи дека за излез од кризата и за помирување е неопходен дијалог „единствено од избрани претставници на избори во рамки на Собранието на Република Македонија“, во кој би се изнашле „заеднички именители за позициите по прашањата што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ“.

– Создавање на надпартиски договор за секое идно принципиелно решавање на внатрешни разлики, во рамки само на институциите на државата, без странски агенди или претставници, и единствено од страна на легитимно избрани претставници на македонските граѓани. Внатрешно обединување против вмешување во внатрешните работи на Република Македонија, од страна на странски политичари или држави кои се косат со концептот на почитување на суверенитетот или се спротивни на принципот за  добрососедски односи. Заеднички да отфрлиме планови и платформи или агенди кои се надвор од нашето уставно уредување или се спротивни на македонските стратегиски и државни интереси. Или, со други зборови, заеднички да создаваме планови, платформи и агенди што се во интерес на уставното уредување на Република Македонија и на стратешките интереси на државата. Осуда на секој директен или индиректен ревизионизам на Охридскиот рамковен договор, кој е целосно вграден во Уставот на Република Македонија и нашето уредување – рече Милошоски, изнесувајќи ги точките од „патоказот“.

Милошоски порача дека е потребно сите релевантни политички чинители да се обединат и да постигнат договор за пет тези:

  1. Да се усогласиме дали важноста на политичката практика за коалицирање на победник со победник е фактор на дополнителна стабилност во државата
  2. Дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели
  3. Дали при конституирање на Собранието, сегашното, но и во секој иден состав, позицијата претседател на Собранието на Република Македонија логично би ѝ следувало на политичката коалиција или партија што победила на изборите или треба да биде предмет на надгласување?
  4. Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултурниот модел на македонското општество со еднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на овој модел во двонационален, на сметка на повеќето не мнозински заедници?
  5. Дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирањето на земјата, институциите, економијата и европските реформи за евроинтеграции како обединителна сила за сите граѓани или, пак, сите овие приоритети треба да се заменат со редефинирање на односите помеѓу заедниците и државното устројство на Република Македонија?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...