МОФ утре ќе го презентира документот „Дигитализација во високото образование“

фото: @headwayio на Unsplash

Младинскиот образовен форум (МОФ) утре со почеток во 12 часот ќе одржи тркалезна маса на тема „Дигитализација во високото образование – можности и предизвици“. На настанот ќе се презентира документот за јавни политики, како и дигиталната алатка на победничкиот тим на хакатонот што се одржа во рамките на проектот.

Покрај презентацијата на документот и дигиталната алатка, ќе се одржи и панел дискусија на која релевантни претставници на институциите ќе дадат свое видување во однос на алатката, документот и процесот на дигитализација на високото образование.

Настанот е во рамки на проектот „Студентска акција за дигитализирани образовни услуги“ и е финансиран од Фондацијата Метаморфозис и Европската Унија.