fbpx

СДСМ испратил документ со предлози до ДУИ

-

Документ со предлози за владина коалиција, што Али Ахмети  минатата неделаго побара од Зоран Заев, денеска од Бихаќка стигнал во Мала Речица, потврдиле партиски извори и од СДСМ и од ДУИ за „Телевизија 24“

Од ДУИ не сакаат да прецизираат што сè има во пакетот освен предлог закон за албанскиот јазик. Од СДСМ, пак, само кусо велат дека документот е еден.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска истакна дека ДУИ не се брза, туку сака да се осигури дека очекувањата на граѓаните ќе се исполнат, заедно со „разгледувањето и расветлување на оспорените случаи како ‘Монструм’, ‘Сопот’, ‘Куманово’ (Диво насеље) и прислушувањата“.

Ахмети посочил дека врз ДУИ се врши постојан медиумски притисок, но додал дека партијата работи рационално и фокусирано и дека „не е сервис на било која партија“.

Невзат Бејта, градоначалникот на Гостивар пак, на Тимоние му порачал дека е потребно што побрзо формирање на нова Влада.

– Потребно е што побрзо да се формира влада, тоа го сакаа и мнозинството на граѓаните на Македонија. Тоа е потребно за правдата, слободата, рамноправноста на нашите граѓани да дојдат на свое место, да се зацврсти демократијата. Формирањето на владата е во прилог на нашето општество – изјави Бејта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...