Документот доставен до ДУИ е доволно добар за да ги обезбеди потписите за добивање на мандат за состав на Владата, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
– Сега за сега, немаме одговор. Помеѓу нас и ДУИ постои техничка комуникација, неформална комуникација, помеѓу претседателите на партиите. Тоа се телефонски јавувања, слушања, што е секојдневие во нашата работа. Очекуваме дека предлог-документот којшто го доставивме до ДУИ, ќе обезбеди истите да ги дадат потписите за добивањето на мандат за состав на влада – вели Шилегов.
Прашан што СДСМ мисли за идејата за македонска платформа, тој рече дека СДСМ на минатите избори излегле со став дека „треба да се изгради едно општество, на единствени граѓани еднакви по правата и еднакви по обврските“.