fbpx
Таг: БЈБ

таг: БЈБ

Вистиномер: Директорот на БЈБ не изјавил дека „Македонците ги нападнале Албанците“ – видеото е монтирано

Видеото што се споделува на Фејсбук е со невистинита содржина и монтирано, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“. Од оригиналното видео на телевизиски прилог, може да се чуе целата изјава на Тасевски, кој во ниту еден момент не споменува Македонци или Албанци, ниту пак тврди дека...

Уставниот суд ја одби иницијативата на Чавков за амнестијата за „27 април“

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови од судиите не поведе постапка за оценка на уставноста на член 1 и член 2 од Законот за амнестија, врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани лица во насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Иницијативата беше поднесена од Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) кој...

Анализа: Динамична недела во Македонија со апсења, судења и пресуди

Неделата започна со апсења за трагедијата за автобусот и проневера во разузнавачките служби а заврши со судска пресуда за тероризам. Од 18 неамнестирани обвинети за организираниот терористички напад на 27 април 2017 на Собранието на Република Северна Македонија, во петок (15.03.19) на вкупно 211 години затвор беа осудени 16. Оперскиот пеач Игор Дурловски, еден од водачите на групата протестанти „За...

Лазе Велковски му ја предаде должноста директор на БЈБ на Сашо Тасевски

Досегашниот директор на бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски денеска му ја предаде должноста на новоизбраниот директор Сашо Тасевски, соопшти МВР. Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност. Од 2001 година работел кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата Тасевски бил...

Сашо Тасевски назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност

На денешната владина седница едногласно бил усвоен предлогот Сашо Тасевски да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Оваа информација ја сподели на својот официјален „Фејсбук“ профил заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски кој присуствува на владината седница бидејќи шефот на дипломатијата, Никола Димитров, е во официјална посета на САД. Тасевски е магистер по безбедност и...

Владата го разреши директорот на БЈБ, Лазо Велковски

Владата го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски. До именување нов директор со БЈБ ќе раководи досегашниот заменик директор, Бесир Деари. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесе предлог за разрешување на Велковски откако на Илинден, без решение, со службен џип и обезбедување, ја испратил ќерка си во Грција. Тој сам направил проценка оти безбедноста на ќерка...

Владата денеска ќе одлучува за разрешувањето на Велковски

На денешната седница Владата треба да решава за предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за разрешување на Лазо Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Спасовски го поднесе предлогот за разрешување пред една седмица, откако Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот „ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ бил пратен во Грција...

Заев: Суетата ја ставам на страна, пријателството со Бугарија треба да се негува и доградува

Правам сè за да изградам пријателство. Гледате дека моите суети ги ставам на страна, сакам искрено да градам пријателство. Бугарија е партнер на Македонија и тоа го покажа неколку пати и не е во ред тоа да го заборавиме, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов ја гледа како закана за евроатланските...

ВМРО-ДПМНЕ: Жртвувањето на директорот на БЈБ нема да ги реши проблемите во МВР

Замислете, директорот на Бирото за јавна безбедност злоупотребува службен џип за да го пренесе друштвото на својата ќерка на одмор во авто - камп во Грција и притоа да застанува по продавници. Жртвувањето на директорот на БЈБ нема да ги реши проблемите во МВР. Ова денеска на прес-конференција го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој додаде дека „проблемите нема да ги реши...

Затворени 19 објекти и приведени 26 лица при рација на МВР во Тетово, Битола и во Велес

При спроведени контроли на подрачјата на СВР Тетово, СВР Битола и СВР Велес, приведени биле 26 лица, а привремена забрана за работење добиле 19 угостителски објекти, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски. Во некои од локалите бил откриен незаконски престој на лица во Република Македонија, користење наркотици, како и управување возила под дејство на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ некрофилски ги поврзува Смиљковско Езеро со работењето на МВР

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и СДСМ дека со денешниот брифинг во МВР, на кој беа презентирани фактури, сметки и податоци за трошењето на директорите на УБК и на БЈБ и на министрите во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „се занимава со ланскиот снег“. „СДС некрофилски се обидува да ги поврзе трагичната сообраќајна незгода во...

Горан Николовски – шеф на УБК, Лазо Велковски – на БЈБ, Владата донесе предлог за смена на Зврлевски

На седницата што се одржува попладнево, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, и ги избра новите  директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, односно деловите на МВР кои се задолжени за полициските сили и за тајната полиција и за контраразузнавањето. Горан Николовски...

Во 17 часот нова седница на влада, на дневен ред предлогот за разрешување на Зврлевски

Владата денеска во 17 часот ќе ја почне својата петта седница. Од кабинетот на премиерот информираат дека на дневен ред на седницата ќе се најде предлогот до Собранието на Република Македонија за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија (врз основа на член 67 од Законот за јавното обвинителство), одредени кадровски прашања, како и други актуелни прашања...

Спасовски одлучил за директори на УБК и на БЈБ, ама не ги соопштува до седница на влада

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одлучил кои ќе бидат новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), но не ги кажува нивните имиња до седницата на влада на која треба да ги предложи. Ова денеска го потврди Спасовски, на прес-конференцијата по повод потпишувањето договор за донација од повеќе од еден милион...

Спасовски уште се консултира, новите шефови на УБК и на БЈБ ќе бидат познати утре или задутре

Премиерот Зоран Заев денеска изјави оти очекува дека в четврток или петок Владата ќе ги разреши старите и ќе ги избере новите директори на Управата за безбедност и за контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Како што рече Заев, сè уште траеле консултациите на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кандидатите за директори на најважните организации...

Владата денеска треба да ги разреши Чавков и Атанасовски и да именува нови директори на УБК и на БЈБ

Новата Влада денеска треба да одржи седница на која, според најавите, на дневен ред ќе биде разрешувањето на актуелните директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Владимир Атанасовски и Митко Чавков. Ќе се расправа и за состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето на фондовите од ЕУ, како и за...

Детали и куриозитети од извештајот за пропустите на МВР од 27 април

Извештајот на работната група на Министерството за внатрешни работи детектира серија сериозни пропусти на оперативниот штаб и на полицијата при најзината (не)интервенција за време на насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април, кога беа нападнати и повредени пратеници, новинари и граѓани во законодавниот дом. Работната група на МВР, меѓу другото, констатирала: Штабот на Чавков бил целосно во аут Оперативниот штаб...

Спасовски сè уште размислува кои да ги предложи за директори на УБК и на БЈБ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, сè уште не донел одлука кого ќе предложи за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а кого за Бирото за јавна безбедност. - Сум размислувал и ќе размислувам за ова прашање и во наредните денови, а кога ќе донесам одлука, ќе ѝ ја соопштам на јавноста - рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање...

Чавков: Пратениците утре ќе имаат непречен пристап во Собранието

Утре пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот, вели за „Дојче веле“ директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков. Утре, во 12 часот, во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на Комисијата за избори и за именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. Утре напладне...

Спасовски: Со МВР раководам јас, а директорите на БЈБ и на УБК „можеби малку опструираат“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека со МВР раководи тој и дека во министерството нема двовластие, туку само фракции, кои постоеле отсекогаш. Спасовски, во интервју во емисијата „10 Минути“ на „ТВ21“, вели дека во моментов во МВР се работело попрофесионално и постабилно од времето кога со министерството раководеле министри од ВМРО-ДПМНЕ. „Ниту во моментов, ниту во кое било време...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...