Лазе Велковски му ја предаде должноста директор на БЈБ на Сашо Тасевски

Досегашниот директор на бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски денеска му ја предаде должноста на новоизбраниот директор Сашо Тасевски, соопшти МВР.

Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност. Од 2001 година работел кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На почетокот на кариерата Тасевски бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Посетувал курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.

Тасевски во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спаосовски, кој извади огнено оружје и пукаше во одбрана при упадот во Собранието на 27 април минатата година.

Велковски кој беше разрешен бидејќи ја испрати неговата ќерка со службен џип на одмор во Грција.