fbpx
Таг: анкета

таг: анкета

Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ се чувствува загрозено од позитивниот рејтинг на Жерновски

Неоснованите обвинувања што ВМРО-ДПМНЕ ги искажа на денешната прес-конференција се само реакција на резултатите од последното истражување за задоволството на граѓаните од работата на локалната власт во Општина Центар, се вели во реакцијата на Општината на прес-конференцијата на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека „анкетите јасно покажуваат дека 65 отсто од граѓаните на Центар се задоволни од работата на Жерновски“. „Ваквите...

Анкета на „М-проспект“: Загадувањето на воздухот треба да го реши Владата

Дури 82 отсто од граѓаните на Македонија сметаат дека загадувањето на воздухот е многу сериозен проблем и дека треба веднаш да се преземат мерки за решавање. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „М-проспект“. Според анкетата, главен причинител за загадувањето на воздухот, за мнозинството граѓани, односно 31,5 отсто од испитаниците, е сообраќајот, на второ место е индустријата со 24,9...

Грците разочарани од политичарите

Грчките граѓани остануваат песимисти дека политичарите од владата или опозицијата може да ги подобрат работите во државата. Нова анкета на солунскиот Универзитет „Македонија“, изработена за грчката телевизија „Скај“, покажува дека 72 отсто од Грците сметаат дека 2017 година ќе биде многу полоша од лани. Оптимисти дека работите ќе се подобрат се едвај 16 отсто од граѓаните. Грчките граѓани не се...

Румен Радев е најпопуларен бугарски политичар

Румен Радев има најголем рејтинг помеѓу бугарските политичари и на последната анкета освои 35 отсто поддршка. Бојко Борисов е втор со 25 отсто поддршка, а Каракачанов е на трето место со 19,9 отсто. Новоизбраниот претседател води во сите социјални групи. Најмало водство има кај жените и оние со факултетска диплома, каде што рејтингот на тројцата политичари е многу блиску. Претседателот Росен Плевнелиев...

Според анкетата на „Димитрија Чуповски“, ВМРО-ДПМНЕ со речиси двојна предност пред СДСМ

Новата анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“ покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 28,1 отсто од испитаниците, за СДСМ - 15 отсто, за ДУИ - 5,7 отсто, а за ДПА - 2,2 отсто. Истражувањето покажува дека за Беса би гласале 3,9 отсто од анкетираните, за Алијансата за Албанците - 1,8 отсто, а за Левица и за коалицијата ВМРО за Македонија -...

Се топи разликата, но ВМРО-ДПМНЕ сè уште води пред СДСМ, покажа анкетата на „Телма“

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 3,9 отсто во корист на владејачката партија, покажа анкетата што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС, преку агенцијата „М проспект“. Истата анкета, кај албанскиот блок констатирала 3,3 отсто предност во полза на ДУИ, во однос на ДПА. Новата анкета, која е направена според изборни единици и...

Анкета „Фактор плус“: 4,5 отсто предност за ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

За Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,6 отсто од гласачите, за СДСМ и за Коалицијата за живот во Македонија - 23,1 отсто, за ДУИ - 6,2 отсто, за Коалицијата за промени и правда - 6,1 отсто, за ДПА - 4,4 отсто, за Коалицијата ВМРО за Македонија - 1,3 отсто и за Движењето Беса 1 отсто,...

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 27,8 отсто, а на СДСМ – 16,2 отсто, покажува анкетата на „Павел Шатев“

Според последната анкета на Институтот „Павел Шатев“, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,8 отсто од испитаниците, за СДСМ - 16,2 отсто, за ДУИ - 4,8 отсто, а за ДПА - 2,3 отсто. „Нема да гласам“ бил одговорот на високи 28,9 отсто од анкетираните, а со „не знам“ одговориле 13,9 отсто. Анкетата покажува дека најмногу доверба има Никола Груевски со 28,3 отсто,...

„Рејтинг“: За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 29,9 отсто, а за СДСМ 28,6 отсто од граѓaните

За ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата за подобра Македонија би гласале 29,9 проценти од испитаниците, а за СДСМ и за Коалицијата за живот во Македонија - 28,5 проценти од испитаните граѓани, покажува новата анкета направена од агенцијата „Рејтинг“, а по нарачка на телевизијата „24 Вести“. За коалицијата ВМРО за Македонија би гласале 3,3 проценти од испитаниците. Анкетата покажа дека неопределени се 8,5...

Грците се незадоволни од СИРИЗА, но спасот не го гледаат ни во Нова демократија

Новата анкета на јавното мислење на агенцијата „Паблик ишју“ покажува големо незадоволство од работата на владата и песимизам дека работите во Грција може да почнат позитивно да се развиваат. Разочараноста на граѓаните од работата на владата, насоката во која се движи државата и воопшто политичките партии е сè поголема. Огромен процент од испитаниците, дури 88 отсто, сметаат дека државата оди...

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 4,8 отсто, покажа анкетата на „Телма“

Разликата меѓу најголемите македонски политички партии изнесува 4,8 отсто, покажа анкетата што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС. Доколку утре се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,7 отсто од гласачите, за СДСМ - 18,9 отсто, за ДУИ - 6,2 отсто, за ДПА - 3,3 отсто, за Беса - 1,2 отсто, додека за други партии...

„Брима Галуп“: 43 проценти од граѓаните не веруваат во ниту еден политичар

Доколку следната недела се одржат избори, 25,8 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ би се изјасниле 16,7 проценти, за ДУИ би гласале 6,5 отсто, за ДПА - 3 отсто, за Беса - 3,2 отсто, неодлучни би биле 14 отсто, а без одговор би биле 11,5 отсто од испитаниците, покажува последната анкета спроведена од „Брима Галуп“ на барање...

Магазинот „Тајм“ избира личност на годината

Американскиот магазин „Тајм“ спроведува анкета за традиционалниот избор за личност на годината. Резултатите од првите денови на гласањето покажуваат дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, води за три процентни поени пред новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Конечните резултати од анкетата ќе бидат соопштени во декември. Иако за доделувањето на оваа титула одлучуваат уредниците на магазинот, тие велат дека анкетата во која...

Строгите мерки за штедење ја намалуваат поддршката на Грците за СИРИЗА и за Ципрас

Владејачката СИРИЗА сериозно заостанува зад Нова демократија според уште една нова медиумска анкета во Грција. Резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од Универзитетот „Македониа“ за телевизијата „Скај“, покажуваат дека Нова демократија во поддршката од гласачите води 15 отсто пред партијата на премиерот Алексис Ципрас. Поконкретно, Нова демократија е на прво место со 30 отсто поддршка од гласачите, а СИРИЗА...

Опаѓа довербата на граѓаните кон институциите и кон партиите во Албанија

Анкета спроведена од германската фондација „Конрад Аденауер“ помеѓу граѓаните во Албанија, на репрезентативен примерок од 1.951 испитаник, покажува дека довербата на граѓаните кон институциите опаѓа. Само 9 отсто од анектираните му веруваат на претседателот на државата, 4 отсто доверба добил парламентот, владата има 12 отсто доверба, опозицијата - 10 отсто, а судството добило минимална доверба од 2 отсто. Истражувањето покажува...

Разлика од 24 отсто меѓу Нова демократија и СИРИЗА според нова анкета во Грција

Голема разлика во рејтингот и во популарноста меѓу Нова демократија и СИРИЗА покажува новата анкета на јавното мислење спроведена од грчката агенција „Паблик ишјус“. Според анкетата, десничарската Нова демократија води со 24 проценти пред владејачката партија на Алексис Ципрас. Резултатите од анкетата спроведена во октомври покажуваат дека рејтингот на Нова демократија меѓу гласачите е 42 отсто, а на СИРИЗА само 18...

Анкета на „Фактор плус Адриа“: ВМРО-ДПМНЕ има 4,2 отсто предност пред СДСМ

Разликата во рејтинзите меѓу двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е 4,2 отсто во прилог на владејачката партија, покажале резултатите од последната анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“, објавени денеска. Анкетата била спроведена во периодот од 19 до 26 октомври, на репрезентативен примерок од 1.082 испитаници. Според истражувањето, ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на 28,1 отсто од гласачите, додека за СДСМ...

Секој втор работник е пријавен на плата пониска од таа што реално ја добива

Речиси секој втор работник е пријавен на плата која е пониска од таа што реално ја добива, односно на секој втор работник му се исплаќаат придонеси за здравствено и за социјално осигурување на плата која е пониска од реалната. Ова го покажала анкетата спроведена од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП), во текот на мај и на јуни годинава. - Еден од десет работници воопшто немаат...

Континуирано опаѓа поддршката за Ципрас

Во Грција, се чини, сè повеќе опаѓа поддршката за владата на СИРИЗА, а се зголемува разочараноста и песимизмот дека работите може да тргнат во нагорна линија. Новата анкета на јавното мислење спроведена од весникот на новинарите, кој важи за пролевичарски ориентиран, покажува зголемување на јазот меѓу Нова демократија и СИРИЗА, со силна предност од 11 отсто на десничарите пред партијата...

ДУИ и Беса во водство кај гласачите Албанци, покажуваат анкетите

На изборите на 11 декември, 13,4 отсто од граѓаните Албанци ќе гласаат за Демократската унија за интеграција (ДУИ), а 10,2 својата доверба ќе ѝ ја дадат на Беса, покажале резултатите од истражувањето на Институтот за креирање политики и добро владеење, пренесува „Телма“. Според анкетата, Демократската партија на Албаниците (ДПА) се наоѓа на третото место со 6,3 отсто од гласовите на...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...