fbpx
Таг: анкета

таг: анкета

Мнозинството Грци сакаат решение на спорот за името, но без терминот „Македонија“

Повеќе од половина Грци не прифаќаат терминот „Македонија“ да стои во конечното решение за името на нашата земја, а само тројца од 10 Грци прифаќаат сложено решение за името во преговорите меѓу двете држави. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција околу македонско-грчките односи и спорот за името, спроведена од грчката фондација за надворешна политика „Елиамеп“...

СДСМ: Груевски ги штелува бројките на анкетите

Никола Груевски се обидува да штелува бројки по нарачани анкети од партиските испостави, во зависност од интензитетот на неговиот страв од одговорност, но од вистината бегање нема, велат од СДСМ како реакција на новата анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“. „Ништо не може да му помогне на обвинетиот Никола Груевски, кој на 11 декември ќе ја добие вистинската анкета од граѓаните пред...

Анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“: ВМРО-ДПМНЕ со 11 отсто предност пред СДСМ

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,6 отсто од граѓаните, за СДСМ 16,1 отсто, за ДУИ 6,3 отсто, а за ДПА 2,9 отсто од граѓаните, покажува најновата анкета направена од институтот „Димитрија Чуповски“, која била спроведена телефонски во периодот од 7 до 10 октомври на 1.237 испитаници. За одговорот „ниту една партија“ се одлучиле 22 отсто од испитаниците, а „не знам“ одговориле 17,4...

Клинтон со поголема поддршка од Трамп во најновата анкета спроведена во САД

Кандидатката за претседател на Соединетите Американски Држави од Демократската партија, Хилари Клинтон, е во предност во однос на ривалот од Републиканската партија, Доналд Трамп, со пет процентни поени, покажуваат резултатите од најновата анкета. Анкетата спроведена од 30 септември до 6 октомври, покажува дека 43 проценти од испитаниците ја поддржуваат Клинтон, додека 38 проценти од избирачите го поддржуваат Трамп. Хилари Клинтон е...

Нова демократија пред СИРИЗА според медиумската анкета во Грција

Предност од 12,5 отсто на десничарите Нова демократија пред СИРИЗА покажува новата анкета на солунскиот универзитет „Македониа“ за телевизијата „Скаj“. Десничарите, според анкетата, имаат поддршка од 28,5 отсто од гласачите, додека СИРИЗА ја подржале само 16 отсто. Ултрадесничарската и неонацистичка Златна зора и понатаму е на третото место со стабилна поддршка од 7,5 отсто, а потоа следуваат Комунистичката партија со 5,5...

Огромен процент од Грците се незадоволни од политиката на СИРИЗА

Големо незадоволство на мнозинството граѓани во Грција од политиката на Алексис Ципрас и на СИРИЗА покажува неделната анкета за весникот „Авги“. Левичарскиот весник, кој со години важи за гласило на СИРИЗА, изненади со анкета, според која, 85 отсто од испитаниците сметаат дека државата се движи во погрешен правец. Од испитаниците 90 отсто се изјасниле како незадоволни од работата на владата....

Анкета на „Павел Шатев“: За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,9 отсто, а за СДСМ 15,7 отсто од граѓаните

На предвремените парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,9 отсто, а за СДСМ - 15,7 отсто од испитаниците, се вели во анализата на резултатите од телефонската анкета спроведена во периодот меѓу 26 и 29 септември од Институтот „Павел Шатев“. За ДУИ би гласале 5,1 отсто, а на ДПА поддршка ѝ дале 2,7 отсто од анкетираните. Анкетата била спроведена на 1.260...

Жестока прва дебата на Клинтон и на Трамп

Жестока дебата имаа синоќа кандидатите за претседател на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, кои се соочија на првата од трите телевизиски дебати пред претседателските избори закажани на 8 ноември. Клинтон го принуди Трамп да се брани, атакувајќи го во поглед на неговиот темперамент, одбивањето да ги објави неговите даноци, како и последните расистички и сексистички коментари. - Вие живеете во своја сопствена реалност...

ИРИ не планира предизборна анкета за рејтингот на пaртиите во Македонија

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) кој прави неколку истражувања на јавното мислење во текот на годината на повеќе теми, нема најави за предизборна анкета за рејтингот на политичките партии во Македонија. - Засега немаме во план анкета која би ја објавиле пред претстојните парламентарни избори, кои се закажани на 11 декември – вели Илина Мангова, претставник од ИРИ во Македонија. Анкетите на ИРИ важат...

Полицијата е корумпирана, но граѓаните ѝ веруваат, вели анкета на „Аналитика“

Полицијата е институција што ужива најголема доверба меѓу граѓаните, но таа е висококорумпирана, покажува истражувањето на јавното мислење на тема „Ставот на граѓаните околу работата на полицијата“, спроведено од „Поинтплус“, регионална мрежа на седум граѓански организации од Западен Балкан. - Резултатите покажаа дека 58,5 отсто од испитаниците имаат главно или целосно доверба во полицијата. Но, една четвртина одговориле дека немаат апсолутно никаква...

Половина од Германците не сакаат Меркел повторно да се кандидира

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи одлуката за тоа дали повторно ќе се кандидираа за таа функција. Најновата анкета на јавното мислење покажува дека половина од Германците се против нејзин евентуален четврти мандат. Според истражувањето на јавното мислење спроведено за весникот „Билд“, 42 отсто од граѓаните на Германија би сакале да ја видат Меркел повторно на местото канцелар, што е за...

Анкета: 83,7 отсто од младите би се иселиле од Македонија

Високи 83,7 отсто од младите во Македонија сакаат да се иселат од земјата. Две третини од нив, односно 52,4 отсто, би се иселиле во некоја од заподноевропските држави, речиси 12 отсто во САД и во Канада, а во некоја од скандинавските држави би се иселиле 10,3 отсто од испитаниците. Ова го покажува анкетата на НВО Инфоцентар во партнерство со Македонскиот...

Анкета: 52 отсто од Британците се за останување во ЕУ

Педесет и два отсто од Британците се за останување на Велика Британија во Европска Унија, додека 48 отсто се за излез на земјата од Унијата, покажа денеска објавената анкета на агенцијата за испитување на јавното мислење „Ипсос МОРИ“. Анкетата, која е направена за потребите на весникот „Ивнинг стандард“, била спроведена пред два дена.

Анкета на ИПИС: Најмногу ги сакаме Турција и Германија, најмалку Грција и Косово

Граѓаните на Македонија најпозитивно мислење имаат за Турција и за Германија, а најнегативно за Грција и за Косово, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања (ИПИС) спроведена телефонски во првата недела од март годинава, на 1.101 полнолетен испитаник. Најпозитивно мислење Македонците имаат за Германија, за која се одлучиле 85 отсто од анкетираните, потоа за Турција - 76,4 отсто, Србија...

Нова анкета покажува дека мнозинството Британци се за напуштање на ЕУ

Седум дена пред референдумот за излез на Велика Британија од Европската Унија, поголемиот дел од Британците, односно 53 отсто, се за излез од ЕУ, додека 47 отсто се за останување во Унијата. Тоа го покажува најновата телефонска анкета на „Ипсос“. Ова е првпат анкетите да бележат предност на гласачите што сакаат нивната држава да ја напушти Унијата. Анкета за расположението на граѓаните за излегување или...

Поголемиот дел од Британците сакаат да останат во ЕУ

Британската поддршка за останување во Европската Унија изнесува 44 отсто, а 42 проценти од Британците се изјасниле дека сакаат да излезат од Унијата, покажува најновата анкета на „Сандеј обзервер“. Британците излегуваат на референдум на 23 јуни, на кој ќе одлучат дали сакаат нивната земја да остане дел од ЕУ, што е одлука со долгорочни последици на политиката, економијата, одбраната и...

ИРИ: Сè поголема е политичката нестабилност во Македонија

Политичката нестабилност во Македонија се зголемува, а довербата во демократските институции опаѓа, се вели во извештајот од анкетата направена на национално ниво од Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесе „Гласот на Америка“. Анкетата покажала дека 20 проценти повеќе испитаници веруваат дека Македонија е помалку стабилна денес отколку пред една година. За 12 проценти е зголемен и бројот и на тие што се...

ИДСЦС: Граѓаните се против избори на 5 јуни

Дури 63 отсто од граѓаните сметаат дека не треба да има избори на кои нема да учествуваат сите партии, а за 31 процент таквите избори се прифатливи, покажаа резултатите од истражување на јавното мислење на Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Истражувањето е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 1.016 испитаници во периодот од 6 до 11 мај 2016 година. „Вкупно 55 отсто од граѓаните сметаат...

Анкета „Фактор плус Адрија“: Земјата е во длабока политичка криза

Високи 80 отсто од анкетираните не ја поддржуваат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на сите политичари, а 73 отсто сметаат дека тој одлуката ја донел за да ги заштити политичарите од власта кои се веќе обвинети од Специјалното јавно обвинителство. Ова го покажува најновата телефонска анкета на агенцијата „Фактор плус Адрија“, спроведена во периодот од 11 до 14...

Анкета на Институт „Димитрија Чуповски“: Груевски со поддршка од 39,5 отсто, Заев со 7,3 отсто

За ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 39,2 отсто од граѓаните, за СДСМ 14,9 отсто, а неопределени се 29,5 отсто, покажува новата анкета направена од Институтот „Димитрија Чуповски“ спроведена телефонски во периодот од 30 март и 2 април. На прашањето на кој од македонските политичари му верувате најмногу, 39,5 отсто од анкетираните се одлучиле за Никола Груевски, за лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...