fbpx

Судот ги одобри обвиненијата на СЈО и за случаите „Траекторија“ и „Тарифа“

-

Кривичниот суд во Скопје ги одобрил обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство за случаите „Тарифа“ и за „Траекторија“. Како што дознаваме, Советите за оценка на обвинителните акти дале зелено светло овие два предмети да одат на судење.

Тие сега треба да бидат распределени кај судии и да бидат закажани датумите за почеток на главната расправа.

Во случајот „Траекторија“, кој се однесува на злоупотреби поврзани со изградбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, обвинети се поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување. Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски во истиот предмет е обвинет за примање награда за противзаконско влијание.

Во предметот „Тарифа“ обвинети се три лица кои се товарат дека преку злоупотреба на службената положба и овластување набавиле софтверски систем за потребите на државната компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) кој не бил имплементиран.

Инаку, обвинителниот акт за случајот „Траекторија“ го оценуваше Совет на чело со поранешната в.д. претседателка на Кривичниот суд, Татјана Михајлова, а обвинението за „Тарифа“ беше распределено и по него одлучуваше Совет предводен од судијката Лидија Петровска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...