Таг: случај Траекторија
таг: случај Траекторија
Застаре и „Траекторија“ за кинеските автопати – уште еден случај жртва на измените во Кривичниот законик
Поради измените во Кривичниот законик, застаре уште еден предмет кој го водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за случајот „Траекторија“, кој се однесуваше на постапката за избор на кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.
Обвинети во овој предмет беа експремиерот Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, Љупчо Георгиевски, ексдиректор на ЈП...
Груевски ја бара единствената камера, досега зафатена со снимање на „Диво Насеље“
Најголемиот суд во државата, Основниот суд Скопје 1, каде дневно се одржуваат десетици судења, има само една камера и дополнителна опрема за визуелно-тонско снимање на рочиштата, како што пропишува Законот за кривична постапка (ЗКП).
Поради ова, за најголем дел од рочиштата нема видео-тонски запис, а денеска немањето услови за снимање во судницата беше причината поради која се одложи и првото...
Судот ги одобри обвиненијата на СЈО и за случаите „Траекторија“ и „Тарифа“
Кривичниот суд во Скопје ги одобрил обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство за случаите „Тарифа“ и за „Траекторија“. Како што дознаваме, Советите за оценка на обвинителните акти дале зелено светло овие два предмети да одат на судење.
Тие сега треба да бидат распределени кај судии и да бидат закажани датумите за почеток на главната расправа.
Во случајот „Траекторија“, кој се однесува на...
ВМРО-ДПМНЕ бара од судот да не подлегнува на притисоци и да ги врати одземените пасоши
Судот не смее да подлегне на политичките притисоци и на пропагандата што во континуитет ја врши Специјалното јавно обвинителство против ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство. Ова од пред Апелацискиот суд Скопје денеска го порача членот на извршниот комитет на партијата, Зоран Илиоски.
Апелацискиот суд попладнево на јавна седница ги разгледува жалбите на одбраната на поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, и поранешниот директор на Агенцијата...
СЈО до судот доставило 12 барања за замрзнување имот и докази
Специјалното јавно обвинителство до Основен суд Скопје 1 ги доставило сите најавени 12 барања за замрзнување имот, меѓу кои и за зградата на ВМРО-ДПМНЕ, како и докази и финансиски анализи, потврдија претпладнево од СЈО за „Мета“.
Специјалното обвинителство вчера отвори три нови случаи - „Тревник“, „Траекторија“ и „Талир“.
Посебни мерки за обезбедување не се побарани.
За прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ и на изјавите...
СЈО: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ првоосомничен за перење пари и незаконско финансирање
„Талир“ е прва истрага за перење пари која ја објави на денешната прес-конференција Специјалното јавно обвинителство. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи тоа е истрага за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, односно постои основано сомневање дека „првоосомничениот, како претседател на партија“, иако ги знаел прописите, сепак ги прифатил незаконските средства за финансирање, не ги вратил и овозможил незаконско финансирање на...