fbpx

Србија сè уште не одлучила, но подготвена е да ги затвори границите пред мигрантите

-

Србија сè уште нема донесено конечна одлука како понатаму ќе се однесува во соочувањето со мигрантската криза, но подготвена е и на затворање на границите за да ги заштити своите интереси, повторија денеска српските власти.

Како што јавува дописникот на „Мета“ од Белград, министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за РТС рекол дека Србија подготвува мерки што ќе придонесат за заштита на националните интереси. Тој нагласил дека Србија, како земја која се наоѓа меѓу оние од каде мигрантите доаѓаат и оние кои ги затвораат границите за мигранти, не смее да дозволи да стане најголема жртва.

Државниот секретар при министерството за труд и социјални прашања на Србија, Ненад Иванишевиќ, рече дека со Европската Унија се разговара за финансиска помош за згрижување на мигрантите во текот на зимата.

– Грција доби 500 милиони евра, а секој мигрант што бил таму минал низ Србија, па се поставува прашањето зошто ние не сме добиле уште средства. Бараме рамноправен пристап – рече Иванишевиќ во утринската програма за регионалната телевизија „Н1“.

Тој наведе дена во Србија се наоѓаат меѓу 6.000 и 7.000 мигранти, дека дневно влегуваат меѓу 100 и 150 лица, оти мигрантите се задржуваат од 20 до 30 дена и оти тоа претставува предизвик за зимата.

Иванишевиќ вели дека најчесто станува збор за мигранти од Авганистан, Пакистан и од Мароко, кои нема да добијат азил во Унгарија. Тој, исто така, рече дека ако почне враќањето на мигрантите од Западна Европа, тие нема да бидат вратени во Србија или Македонија, туку во земјите во кои влегле, односно Грција или Бугарија.

И претседателот на Србија, Томислав Николиќ, повтори дека Србија ќе ги затвори границите за мигрантите ако мора, но не со подигнување ограда, туку со испраќање војска.

– Мислам дека по ова прашање се покажавме многу подобро отколку членките на ЕУ и не верувам дека ќе сносиме некакви последици од нивна страна, а тоа го мисли и Брисел – изјави Николиќ за денешниот број на весникот „Курир“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...