fbpx

Според анкетата на ИРИ, слаба поддршка за реизбор на Груевски

-

Во анкетата на Интернационалниот републикански институт (ИРИ), која беше објавена вчера, на прашањето дали премиерот Никола Груевски добро си ја завршил работата за да заслужи реизбор, во мај минатата година 44 отсто одговориле со „да“ на ова прашање, а од септември оваа бројка се намалува на 40 отсто, потоа на 37 отсто во декември и на 32 отсто во јуни. На истото прашање, со „не“, во мај минатата година одговориле 38 отсто од анкетираните, во септември 45 отсто, во декември 48 отсто, а во јуни оваа година – 55 отсто од испитаниците.

Моменталната внатрешно-политичка ситуација во Македонија, високи 61 отсто во јуни оваа година ја оцениле како напната и несигурна, а само 15 отсто од анкетираните одговориле дека Македонија е мирна и стабилна. Во декември минатата година, 42 отсто одговориле дека е мирно и стабилно, а 43 отсто дека е напнато и несигурно.

opis na politickata situacija - IRI
Како ја опишувате моменталната внатрешно политичка ситуација во Македонија

Споредбено, во однос на тоа дали Македонија е помалку или повеќе стабилна денес отколку пред една година, во декември минатата година 51 отсто одговориле дека е постабилна, а во јуни оваа година тој процент се намалил на 35. Дека е помалку стабилна во септември минатата година одговориле 31 отсто од испитаниците, а во декември оваа година се зголемил на 58 отсто од анкетираните.

stabilnost - anketa IRI
Дали Македонија е помалку или повеќе стабилна денес отколку пред една година?

Анкетата беше спроведена од „Брима“, агенција за истражување на јавното мислење од Скопје, преку интервјуа лице в лице од 6 до 16 јуни 2015 година, на случаен примерок од 1.105 македонски граѓани постари од 18 години.

Маргиналната грешка е во рамки на плус минус 3 проценти, со ниво на доверливост од 95 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...